1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Германски топ десет

Пејачката со македонски корени Edita Abdieski неделава влегува како новитет на Германскиот топ десет. Големи промени бележиме и на албумската листа. Ова се најпродаваните синглови и албуми во Германија:

default

Порано банкрот, сега ги освојува топ листите - Bruno Mars

1. Over the Rainbow - Israel "Iz" Kamakawiwo'ole

На врвот на Германскиот топ десет и неделава без промени - хавајскиот музичар Israel "Iz" Kamakawiwo'ole ги топли срцата во завеаната Германија со синглот Over The Rainbow.

2. Just The Way You Are - Bruno Mars (новитет)

Peter Gene Hernandez е вистинското име на американскиот пејач Bruno Mars, кој неодамна истакна дека многу му значи успехот што го постигнал со синглот Just The Way You Are. Во животот сум имал многу понеубави фази, кога тотално банкротирав. Сакав да продолжам да правам музика, но морав претходно да ги продадам сите мои инструменти. Тогаш апсолутно го допрев дното, истакна Bruno Mars.

3. We Are the People - Empire of the Sun

Австралиското дуо Empire Of the Sun, составено од Luke Steele и Nick Littlemore, неделава ја одбрани третата позиција на германската сингловска листа. Тие случајно се запознале пред десетина години и веднаш се зближиле. Меѓутоа, подоцна престанале да контактираат поради кавга. Сепак, по неодамнешното помирување постигнуваат голем успех во родната Австралија, каде нивниот деби-албум Walking On A Dream постигна платиниумски статус.

Empire of the sun

Со албумот Walking on a Dream постигнаа платиниумски статус во Австралија

4. Only Girl (in the World) - Rihanna

Rihanna во моментов доминира на германската сингловска и албумска листа. Нејзиниот најнов албум Loud дебитира на второто место на листата најпродавани албуми, додека Only Girl In The World e се` уште меѓу врвните пет позиции на Германскиот топ 10.

5. Barbra Streisand - Duck Sauce

Диџеите Armand Van Helden и A-Trak неделава се спуштаат од четвртата на петтата позиција со синглот Barbra Streisand. Запрашани зошто токму името на американската пејачка и актерка е единствениот текст во песната, тие велат дека долго експериментирале, но на крајот Barbra Streisand едноставно најдобро звучело. Сепак, велат тие, откако ја снимиле песната, десет минути не можеле да престанат да се смеат.

6. Raise Your Glass - Pink

Иако е во третиот месец од бременоста, Pink и нејзиниот сопруг Carey Hart веќе имаат одбрано име, во случај бебето да биде машко - James. Околу женското име се` уште преговараат. Инаку, Pink неодамна изјави дека иако докторите и` дозволиле по една чаша вино одвреме-навреме, не се осудува да посегне по алкохол додека е во блажена состојба.

7. Loca - Shakira

Shakira неодамна склучи договор со една шпанска компанија за пијалоци. Пејачката прифати да се појави во телевизиските реклами како заштитно лице на фирмата, а за возврат таа ќе треба да инвестира во хуманитарната организација на Shakira. Со парите ќе се градат училишта на Хаити и во Колумбија.

Edita Abdieski Vox Castingshow X Factor Flash-Galerie

Edita Abdieski беше поуспешна од конкуренцијата во шоуто X-Factor

8. I Need a Dollar - Aloe Blacc

Egbert Nathaniel Dawkins III e вистинското име на Aloe Blacc, роден во 1979 година во Лос Анџелес. Неговата музика содржи примеси на џез, R&B, соул и хип-хоп. Првиот албум Shine Through го издаде во 2006 година, но меѓународниот пробив му успеа дури годинава со вториот албум и синглот I Need A Dollar.

9. I've Come to Life - Edita Abdieski (новитет)

Еdita Abdieski е победничка на германското издание на шоуто за таленти X-Factor. Потеклото на Edita води до Балканскиот Полуостров - по татко е Македонка, а по мајка е Босанка. Самата Edita е родена во Швајцарија, а во последниве години живее и работи во Келн. По победата на X-Factor наскоро ќе го издаде и деби албумот Pure.

10. Stay the Night - James Blunt

Покрај целата маркетинг-машинерија што стои зад James Blunt, тој и самиот прави напори до изрекламира својот нов, трет студиски албум Some Kind Of Trouble. Непосредно по неговото излегување во продажба, тој им испратил и-мејл на своите пријатели, во кој им напишал: „Излезе мојот најнов албум и би ви бил многу благодарен ако ја разгласите оваа информација.“

На следната страница ви ги претставуваме десетте најпродавани албуми.

WWW-линкови