1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Германски топ десет

Дојче веле ви ги претставува десетте најпродавани синглови и албуми во Германија.

default

Pink неделава како новитет со Raise Your Glass

1. Over the Rainbow - Israel "Iz" Kamakawiwo'ole

На првото место неделава, десетта по ред, и натаму останува хавајскиот музичар Israel Kamakawiwo'ole со синглот Over The Rainbow.

2. Only Girl (in the World) - Rihanna

Rihanna неодамна изјави дека со тек на време се навикнала на злобните коментари за неа, што секојдневно се појавуваат на различни интернет-блогови и страници. „Сега знам дека тоа се луѓе, кои се незадоволни од себеси, чија единствена утеха е оговарањето на другите“, вели Rihanna. Сепак, една работа особено ја погодила: „На устата имам мала лузна, а тие тоа го протолкуваа како сексуално пренослива болест.“

3. We Are The People - Empire Of The Sun

Ниту видео-спотови, ниту скапи турнеи - се чини дека единствениот рецепт за успех на германската топ листа е песната да се најде на некоја телевизиска реклама. Тоа е случајот и со австралијанскиот бенд Empire Of The Sun. Со оглед на популарноста што ја доживуваат во Германија, темата We Are The People наскоро ќе биде издадена во форма на компакт-диск. Досега тој беше достапен за германската публика единствено во електронска форма.

Empire of the sun

Најголем скок неделава бележат Empire Of The Sun, благодарение на телевизиска реклама во која е искористена нивната песна

4. Barbra Streisand - Duck Sauce

Минатата недела влегоа на Германскиот топ десет како највисоко пласиран новитет на третата позиција, а неделава дуото Duck Sauce се спушта на четвртото место. Зад проектот инаку стојат диџеите и продуценти Armand van Helden и A-Trak.

5. Raise Your Glass - Pink (новитет)

Со новата песна, Pink на некој начин наздравува за среќата што ја следи во приватниот живот - таа неодамна објави дека е бремена. Во интервју за една американска телевизија, Pink дури соопшти дека очекува девојче, а среќниот татко е нејзиниот сопруг, Carey Hart, со кого (повторно) се омажи во 2006 година.

6. Loca - Shakira (новитет)

Без разлика колкав успех ќе постигне со Loca, повеќе од сигурно е дека Shakira нема да успее да го надмине успехот што во Германија го постигна со претходниот сингл, Waka Waka. Со преку половина милион продадени примероци, официјалната химна на светското првентсво во фудбал е најпродаваната песна од странски изведувач во Германија за 2010 година.

Flash-Galerie Shakira Eröffnungskonzert Südafrika Fußball Weltmeisterschaft 2010

Дали ќе се надмине себеси? Синглот Waka Waka е најпродавана странска песна во Германија годинава

7. Stay The Night - James Blunt

Some Kind Of Trouble е насловот на новиот албум на James Blunt, а пејачот неодамна објасни дека во новите песни не станува збор за успехот или славата. „Пејам за реалноста“, вели Blunt, додавајќи дека многу се дружи со пријателите и затоа пишува песни за светот во кој живееме.

8. I Need A Dollar - Aloe Blacc

Критиката е генерално задоволна од новиот албум на Aloe Blacc, насловен Good Things, секогаш нагласувајќи дека неговиот глас е она што им ја дава посебната нота на неговите песни. На плочата на Blacc се забележува влијанието на 70-те години, меѓутоа не може да се насети дека тој порано бил член на хип-хоп состав. Aloe Blacc својот успех му го должи делумно и на шоуто How To Make It In America, кое како насловна мелодија ја искористи токму неговата I Need A Dollar.

9. DJ Got Us Fallin' In Love - Usher

Usher неодамна ја започна светската турнеја за промоција на новиот албум и по тој повод даде неколку интервјуа. Во нив, 32-годишниот пејач вели дека кога ќе наполни 40 години, најверојатно нема повеќе да оди на такви турнеи. „Ќе продолжам да настапувам се` до педесеттата година, но сакам да се посветам и на други аспекти од музичкиот бизнис“, изјави Usher.

10. Run - Leona Lewis

Освен музиката, британската пејачка Leona Lewis има уште една пасија - јавањето. Минатата недела таа повторно му се посвети на своето хоби, иако веќе не може да се сети колку пати досега има паднато од коњ. Последниот посериозен инцидент го доживеа минатата година пред Божиќ, кога си ја повреди ногата.

На наредната страница ви ги претставуваме и десетте најпродавани албуми.