1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Германски топ десет

Дојче веле ви ги претставува десетте најпродавани синглови и албуми во Германија за изминатата недела.

default

Единствен новитет меѓу најпродаваните десет неделава - James Blunt

1. Over the Rainbow - Israel "Iz" Kamakawiwo'ole

Верзијата на Over The Rainbow изведена од хавајскиот пејач Israel Kamakawiwo'ole потекнува од 1993 година, меѓутоа благодарение на една телевизиска реклама, повторно се врати меѓу најомилените песни во Германија и тоа повеќе од 4 недели.

2. Only Girl (in the World) - Rihanna

Пејачката од Барбадос не може никако да си прости што пред неколку недели ја пропушти свадата на Katy Perry во Индија. Rihanna се вади на членовите од менаџментот, кои не испланирале време за венчавката на нејзината пријателка. Како последица, Rihanna дури заменила неколку луѓе одговорни за организирање на нејзиниот календар.

Flash-Galerie Leona Lewis

Ренесанса за синглот Run на Leona Lewis

3. Run - Leona Lewis

Причината што синглот Run две години по неговото издавање повторно се наоѓа меѓу врвните позиции на Германскиот топ десет е тоа што на крајот од септември беше изведен на шоу за таленти во Германија. Изведбата ги погоди гледачите, а сето тоа профитира Leona Lewis, која доживува еден вид ренесанса.

4. Stay the Night - James Blunt (новитет)

Песната е преземена од новиот албум на James Blunt, кој го носи истото име како и песната, Stay The Night, издаден минатиот петок. Пред пет години Blunt постигна огромен успех со деби-албумот Back To Bedlam, кој се продаде во 13 милиони копии. Освен тоа, го освои врвот на листите во 18 земји.

5. Wonderful Life - Hurts

Членовите на составот Hurts неодамна изјавија дека со задоволство би снимиле дует со британската пејачка Leona Lewis. Таа веќе одговори на понудата, велејќи дека и таа би се радувала на соработка со Hurts. Сепак, конкретни договори се` уште не паднале.

Flash-Galerie Aloe Blacc

I Need A Dollаr неделава забележува искачување до врвните десет позиции

6. I Need a Dollar - Aloe Blacc

Песната I Need a Dollar на Aloe Blacc послужи како воведна тема за серијата How to make it in America, што се емитува на телевизискиот канал HBO, а освен тоа беше и „Песна на неделата“ на iTunes. Првиот албум на Aloe Blacc е издаден во 2006 година, а на 30 септември во продажба излезе и плочата Good Things.

7. DJ Got Us Fallin' in Love - Usher

На 10. ноември стартува светската турнеја на Usher и иако до март ќе го обиколи целиот свет, тој не планира долго да одмора по нејзиното завршување. Напротив, вели Usher, патувањето низ светот ме инспирира, така што веднаш по турнејата ќе почнам со работата на новата плоча.

Eminem mit Rihanna Flash-Galerie

Eminem и Rihanna веќе договорија уште една соработка

8. Love the Way You Lie - Eminem feat. Rihanna

Нивната соработка предизвика воодушевување кај публиката, а наклонети им беа и музичките критичари. Love The Way You Lie се најде на новиот албум на Eminem, насловен Recovery, а Eminem и Rihanna се договорија да направат уште еден дует, кој треба да се појави на новиот албум на Rihanna.

9. Dynamite - Taio Cruz

Во Велика Британија и САД со синглот Dynamite го освои и самиот врв на листите. Минатиот месец во продажба излезе и неговиот нов албум, кој го носи истото име како и неговата модна колекција и издавачка куќа, имено Rockstarr.

10. Move It - Culcha Candela

Во соработка со институтот „Гете“ во Мексико, германската амбасада во таа земја на 18 ноември организира концерт на Culcha Candela во кафулето Hard Rock во Санто Доминго. Заедно со германскиот бенд, на сцена ќе излезе и доминиканскиот музичар Gnomico (MC).

На следната страница ќе дознаете кои се трите најпродавани албуми во Германија неделава!

WWW-линкови