1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Германски топ десет

Дојче веле ви ги претставува десетте најпродавани синглови и албуми во Германија.

default

Доминира на Германскиот топ десет - Rihanna

1. Over the Rainbow - Israel "Iz" Kamakawiwo'ole

Списокот на најпродавани синглови и неделава почнува со Israel Kamakawiwo'ole и носталгичната Over The Rainbow. Песната првпат станала позната во 1939 година, благодарение на филмот „Волшебникот од Оз“.

2. Only Girl (in the World) - Rihanna

Rihanna не е само со Eminem меѓу најпродаваните пет синглови во Германија, туку и соло. Песната Only Girl е најава за нејзиниот нов студиски албум, насловен Loud, кој во продажба ќе излезе кон средината на ноември.

3. Wonderful Life - Hurts

Theo и Adam, членовите на составот Hurts, знаат по малку германски, па затоа на нивниот Facebook профил одвреме-навреме пишуваат и по нешто за германските фанови. Инаку во моментов се на турнеја низ цела Европа, а во Германија повторно ќе се вратат на 17 март.

4. Love The Way You Lie - Eminem feat. Rhianna

Се` уште меѓу врвните пет позиции на Германскиот топ десет и тоа веќе 11 недели. Во моментов се чини дека на Eminem му одат дуетите. На новиот сингл, No Love, поддршка му пружа Lil' Wayne.

Flash-Galerie Usher American Music Awards 2004

Usher годинава има дури два албума зад себе

5. Dj Got Us Fallin In' Love - Usher

Usher годинава навистина многу работеше, зад себе има дури два студиски албуми. На почетокот на годината излезе неговата шеста плоча, насловена Raymond versus Raymond, а од овој месец во продажба е и неговото најново студиско остварување, Versus, каде е поместен и синглот Dj Got Us Falling In Love.

6. Dynamite - Taio Cruz

Британскиот композитор, текстописец и пејач Taio Cruz наскоро ќе издаде ремикс на својот сингл Higher, на кој како засилување му се придружува Kylie Minogue. Ова не е првпат Taio Cruz да соработува со понежниот пол, на почетокот на годината заедно со Kesha го имаа хитот Take A Dirty Picture.

7. Move It - Culcha Candela

Составот Culcha Candela се вистински доказ дека мулти-култи концептот се` уште живее во Германија и тоа многу успешно. Речиси сите членови на бендот се од мигрантско потекло, а текстовите не секогаш се на германски јазик. Вистинскиот пробив доживејаа во 2007 година со синглот Hamma! , меѓутоа уште претходно биле музички активни.

B.o.B Feat. Hayley Williams Flash-Galerie

B.O.B. и Hayley Williams ќе настапат во живо на MTV Europe Music Awards

8. Airplanes - B.O.B feat. Hayley Williams

Се ближат Европските музички награди на музичкиот канал MTV, кои годинава ќе се одржат во Мадрид на 7. ноември. B.O.B. и Hayley Williams се меѓу изведувачите што ќе настапат на манифестацијата, а меѓу другите во живо на сцена ќе излезат и Katy Perry, Ke$ha, Kid Rock, Kings of Leon, Linkin Park, Plan B и Shakira.

9. Teenage Dream - Katy Perry

Освен свадбата со свршеникот Russel Brand, Katy Perry деновиве го промовира третиот сингл од нејзиниот нов албум. Темата е насловена Fireworks, а спотот за неа веќе предизвикува контроверзии: во него пејачката испукува огномет од градите.

10. Nein, Mann! - Laserkraft 3D

Електро-хаус проектот Laserkraft 3D го сочинуваат Niels Reinhard и Tim Hoffmann. Тие почнале да работат заедно минатата година, кога привлекоа внимание со синглот Polyester. Вистинскиот пробив се случи годинава со темата Nein, Mann!, која освен во Германија, се пласира и на листите во Австрија, Швајцарија, Белгија и Холандија.

На следната страница ви ја претставуваме и германската албумска листа.

WWW-линкови