1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Германски топ десет

Дојче веле ви ги претставува најпродаваните синглови и албуми во Германија во изминатата недела.

default

Десет години Culcha Candela - неделава како новитет со Move It

1. Over the Rainbow - Israel "Iz" Kamakawiwo'ole

Покрај тоа што синглот Over The Rainbow на хавајскиот пејач Israel Kamakawiwo'ole дури посмртно стана толку популарен во Германија, сега тој ги пробива и границите на планетата Земја. Имено, НАСА одлучи официјален аларм за будење на астронаутите на следната мисија да биде токму синглот на Israel.

Rihanna

Rihanna доминира на Германскиот топ десет

2. Only Girl (in the World) - Rihanna (новитет)

Rihanna неделава самата себеси си го одзема второто место, минатата недела беше втора со Love The Way You Lie. Се работи за сингл што го најавува нејзиниот нов албум, кој во продажба треба да излезе на 6. ноември.

3. Love the Way You Lie - Eminem feat. Rihanna

Eminem и Rihanna постигнаа толкав успех со Love The Way You Lie, што планираат уште еден дует, кој овојпат треба да се најде на новиот албумт на Rihanna, насловен Loud.

4. Dynamite - Taio Cruz

Кога сме кај доброто однесување, Taio Cruz не може да се пофали. Кога имал само шест години пред огледало ја пеел Sexual Healing од Marvin Gay, но мајка му секогаш го карала, бидејќи сметала дека се` уште е мал за такви безобразни текстови.

Vier Preise für Usher bei den American Music Awards in Los Angeles

Нов албум и светска турнеја - Usher

5. Wonderful Life - Hurts

Неодамна Британците Hurts одржаа концерт во Келн и уште еднаш покажаа дека жителите од островот имаат манири - за време на свирката во публиката фрлија стотици бели рози, со што уште повеќе ги освоија срцата на фановите.

6. DJ Got Us Fallin' In Love - Usher feat. Pitbull

Американскиот пејач има нов албум, насловен Versus, a Usher наскоро ќе ја почне и светската турнеја за негова промоција. Во Германија ќе сопре во два наврати и тоа во јануари во Берлин и Оберхаузен.

7. Move It - Culcha Candela (новитет)

Move It е сингл што ќе се појави на Best of албумот на германскиот бенд Culcha Candela, кој следната година одбележува десет години од основањето.

8. Nein, Mann! - Laserkraft 3D

9. Teenage Dream - Katy Perry

10. Airplanes - B.O.B feat. Hayley Williams

На следната страница ви ги претставуваме и трите најпродавани албуми неделава.

WWW-линкови