1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Германски топ десет

Дојче веле ви ги претставува најпродаваните синглови и албуми во Германија за оваа недела.

default

Хавајски звуци на врвот на Германскиот топ десет - Israel "Iz" Kamakawiwo'Ole

1. Over The Rainbow - Israel "Iz" Kamakawiwo'ole

Tрета недела по ред без промени на врвот на Германскиот топ десет - хавајскиот пејач Israel Kamakawiwo'ole почина во 1997 година, а неговата верзија на синглот Over The Rainbow беше издадена во 1993 година. Причина што песната дури сега се наоѓа на првото место во Германија е тоа што приватна телевизија ја искористи за рекламни потреби, а законот предвидува насловот на песната да биде испишан на екранот.

2. Love The Way You Lie - Eminem feat. Rihanna

Rihanna неодамна ја откри тајната на својот успех - таа имено никогаш не стравувала од грешки. Напротив, вели пејачката, најбитно е човек да учи од сопственото искуство. А за секој ден да може да го чита овој слоган, Rihanna го има истетовирано на клучната коска. Неделава заедно со Eminem се` уште го држат второто место во Германија.

3. Dynamite - Taio Cruz

Taio Cruz неодамна изјави дека на пејачите во денешно време воопшто не им е лесно, бидејќи поради нелегалните симнувања од интернет, не можат да живеат од продажбата на сингловите и албумите. Затоа тие истовремено мора да бидат и бизнисмени и да смислуваат нови начини за заработка. Како и повеќето од нив, така и Taio Cruz има сопствена модна линија и очила за сонце.

B.o.B Feat. Hayley Williams

Скок за девет позиции до осмото место - B.o.B Feat. Hayley Williams

4. Wonderful Life - Hurts

5. Nein, Mann! - Laserkraft 3D

6. Teenage Dream - Katy Perry

7. We No Speak Americano - Yolanda Be Cool & DCUP

8. Airplanes - B.O.B feat. Hayley Williams

9. Unter deiner Flagge - Unheilig

10. Club Can't Handle Me - Flo Rida feat. David Guetta

А кои се трите најпродавани албуми во Германија? Ќе дознаета на следната страница.