1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Германски топ десет

Дојче веле ви ги претставува десетте најпродавани синглови во Германија.

default

Enrique Iglesias неделва успева да стигне и до најпродаваните 10

1. Over The Rainbow - Israel "Iz" Kamakawiwo'ole

Хавајскиот пејач Israel Kamakawiwo'ole почина во 1997 година, а неговата верзија на синглот Over The Rainbow беше издадена во 1993 година. Причина што песната дури сега се наоѓа на првото место во Германија е тоа што приватна телевизија ја искористи за рекламни потреби, а законот предвидува насловот на песната да биде испишан на екранот.

2. Love The Way You Lie - Eminem feat. Rihanna

Deutschland Großbritannien Musik Elektronikband Hurts in Berlin

Го нудат она што досега ним им недостигало во музиката - Hurts

3. Dynamite - Taio Cruz

Уште еден пример дека никогаш не е на одмет да познавате луѓе што се на добра функција - имено цимерката на една школска другарка на Taio Cruz имала момче, кое работело во издавачката куќа Def Jam. Кога тој случајно ги слушнал демо-песните на Cruz, веднаш се заинтересирал за него. Така всушност почнала неговата кариера.

4. Wonderful Life - Hurts

Theo Hutchcraft, еден од членовите на дуото Hurts, неодамна изјави дека најважната цел што бендот си ја поставил пред себе е на луѓето да им го пружат оној аспект од поп-музиката, што ним двајцата досега им недостасувал во другите песни. Така настанал албумот Happiness и синглот Wonderful Life.

5. We No Speak Americano - Yolanda Be Cool & DCUP

Диџејот Yolanda Be Cool обично се занимава со техно-хаус правецот, додека на DCup на срце најмногу му лежи музика на која се танцува. А кога заеднички работат на некоја песна, тогаш резултатот од тоа е We No Speak Americano, неделава на местото број 5.

MTV European Awards 2009 in Berlin

Katy Perry го повторува успехот што го постигна со првиот албум

6. Nein, Mann! - Laserkraft 3D

7. Club Can't Handle Me - Flo Rida feat. David Guetta

8. Teenage Dream - Katy Perry

9. Run - Leona Lewis

10. I Like It - Enrique Iglesias

I Like It е првиот сингл од новиот албум на Enrique, насловен Euphoria, кој е карактеристичен по тоа што е неговиот прв албум на кој се наоѓаат песни на различни јазици. Освен со Pitbull, на плочата се наоѓаат и соработки со музичари како Nicole Scherzinger, Usher и Akon.

На следната страница ве очекува и листата на трите најпродавани албуми во Германија