1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Германски топ десет

Дојче веле ви го претставува распоредот на десетте моментално најпродавани синглови во Германија:

default

Се` уште цврсто стојат на врвот - Yolanda Be Cool и DCup

1 . We No Speak Americano - Yolanda Be Cool & DCUP

Оваа недела не носи промени на шампионската позиција. Yolanda Be Cool и DCup и натаму остануваат апсолутни фаворити со темата We No Speak Americano.

Rihanna Performance bei Good Morning America

Only Girl ќе биде новиот сингл на Rihanna?

2 . Wonderful Life - Hurts

И покрај тоа што синглот можеби звучи меланхолично, членовите на бендот Hurts велат дека целта на нивната музика е да шири добра надеж меѓу луѓето и да ги поддржува луѓето во нивната потрага по среќата. Токму затоа и нивниот деби-албум се вика Happiness.

3 . Love The Way You Lie - Eminem feat. Rihanna

Доколку им се верува на шпекулациите по интернет, тогаш Rihanna работи на нов студиски албум, кој наводно ќе излезе уште овој ноември. Првиот сингл би требало да се вика Only Girl. Освен тоа, на својата интернет страница, пејачката објавува дека планира нова соработка и тоа со кој друг, ако не со David Guetta.

4 . Club Can't Handle Me - Flo Rida feat. David Guetta

Се чини дека се` што David Guetta ќе допре се претвора во злато. Club Can't Handle Me е преземен од саундтракот Step Up 3D, на кој меѓу другите се застапени и Estelle и M.I.A.

Edward Maya

Edward Maya и Vika Jigulina и натаму остануваат меѓу најпродаваните десет во Германија

5 . Waka Waka (This Time For Africa) - Shakira feat. Freshlyground

Иако СП во фудбал е веќе одамна зад нас, Shakira се` уште добро се држи на Германскиот топ десет. Во меѓувреме на официјалната интернет-страница на пејачката се појави фотографијата од новиот албум, Sale El Sol, кој во продажба треба да се најде оваа есен.

6 . Stereo Love - Edward Maya & Vika Jigulina

7 . Dynamite - Taio Cruz (новитет)

Dynamite е вториот сингл од деби-албумот на Taio Cruz, насловен Rockstarr, што треба да излезе во продажба овој петок. Во САД со истиот сингл се пласира на 2 позиција, додека во Велика Британија, како новитет влезе директно на врвот.

8 . Alejandro - Lady Gaga

9 . Glow - Madcon

10 . Universum - Ich + Ich

Автор: Media Control GfK / Трајче Тосев

Редактор: Жана Ацеска