1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Германски топ десет

Ова е распоредот на десетте моментално најпродавани синглови во Германија:

default

Францускиот диџеј David Guetta

1. We No Speak Americano - Yolanda Be Cool & DCUP

Со повеќе од 150 илјади продадени примероци, We No Speak Americano и натаму останува на првата позиција на Германскиот топ десет. Освен во Германија, Yolanda Be Cool и DCup ги освоија врвовите на топ-листите и во Шведска, Унгарија, Белгија и Велика Британија.

2. Wonderful Life - Hurts

Rihanna

Rihanna повторно на врвот на листата во САД

3. Love The Way You Lie - Eminem feat. Rihanna

Love The Way You Lie во меѓувреме и натаму го држи шампионското место на листата во САД. Освен тоа, со албумот Recovery, Eminem е на првото место и на американската албумска листа.

4. Waka Waka (This Time For Africa) - Shakira feat. Freshlyground

5. Alejandro - Lady Gaga

Lady Gaga Konzert in Südkorea

Lady GaGa на Нова Година ќе го соопшти насловот на новиот албум

Веќе одамна е познато дека Lady GaGa работи на вториот студиски албум, а во едно интервју неодамна пејачката изјави дека тој всушност е веќе завршен и подготвен за издавање на почетокот од следната година. Таа исто така рече дека насловот на албумот ќе го соопшти на Нова Година, точно на полноќ.

6. Stereo Love - Edward Maya & Vika Jigulina

7. Glow - Madcon

8. Club Can't Handle Me - Flo Rida feat. David Guetta (новитет)

Club Can't Handle Me е првиот сингл од саундтракот за филмот Step Up 3D, кој во Германија почна да се прикажува минатата недела. Меѓутоа, Flo Rida вели дека кога е танцувањето во прашање, не може да се пофали со големи способности. Многу повеќе сакам да ги набљудувам луѓето, ќе си порачам чаша шампањ и уживам во вечерта“, вели раперот.

Katy Perry

Katy Perry неделава се спушта на деветтата позиција

9. California Gurls - Katy Perry

10. Universum - Ich + Ich (новитет)

Universum е третиот сингл на Ich + Ich, преземен од албумот Gute Reise. Во моментов, Adel Tawil се уште се наоѓа на турнеја низ Германија.

Автор: Media Control GfK / Трајче Тосев

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска