1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Германски топ десет

Ова се десетте моментално најпродавани синглови во Германија:

default

Членовите на Hurtrs, Theo Hutchcraft (л) и Adam Anderson

1. We No Speak Americano - Yolanda Be Cool & DCUP

На првото место нема промени. Yolanda Be Cool и DCup ја одбранија шампионската позиција со We No Speak Americano. Но, тоа не е се`, минатата недела Австралијанците постигнаа и златен статус во Германија, што значи дека нивниот сингл беше продаден во 150 илјади примероци.

Shakira

Shakira подготвува интерактивна турнеја

2. Wonderful Life - Hurts (новитет)

При неодамнешната посета на Германија, членовите на дуото Hurt имаа само убави зборови за домаќините. Прашањата што им ги поставувале германските новинари биле подобри и се гледало дека се разбираат од музика. Освен тоа, и девојките во Германија биле поубави од Англичанките, велат Hurt. Нивниот деби-албум Happiness излегува во продажба оваа недела.

3. Waka Waka (This Time For Africa) - Shakira feat. Freshlyground

Shakira полека се простува со врвните позиции на Германскиот топ десет. Во меѓувреме, пејачката најави дека нејзината претстојна светска турнеја ќе биде многу интерактивна. За режијата дури има ангажирано и професионален театарски режисер. Shakira ветува дека ќе се погрижи за голема интеракција со публиката. Во Келн настапува на 11 декември.

Edward Maya

Засега не се планирани настапи во Германија - Edward Maya

4. Alejandro - Lady Gaga

Две години по издавањето на деби-албумот The Fame, Lady Gaga во полна пареа го привршува и новото студиско чедо. „Новиот албум е апсолутно најдоброто нешто што сум го направила досега, целосно сум воодушевена од него“, вели Gaga. Се` уште не се знае кога тој ќе се појави на пазарот, ниту, пак, како ќе се вика.

5. Stereo Love - Edward Maya & Vika Jigulina

Благодарение на големиот успех што го постигна со хитот Stereo Love, Edward Maya до крајот на октомври се наоѓа на турнеја, што ќе ги опфати Шпанија, Бразил, Дубаи и Канада. Настапи во Германија засега не се планирани.

6. Glow - Madcon

Rapper Eminem Konzert BET Awards

Eminem добро знаел кого сака за Love The Way You Lie

7. Love The Way You Lie - Eminem feat. Rihanna

Love The Way You Lie веќе го освои врвот на листата во САД и е вториот сингл од новиот албум на Eminem. Раперот истакна дека одлуката да ја земе Rihanna како засилување не била случајна. „Добро знаев дека само таа може да го изведе тоа онака како што си замислував“, истакнува Eminem. Неделава го бележат најголемото искачување на официјалната германска листа и од 18 место стигнуваат до седмата позиција.

8. California Gurls - Katy Perry

9. Helele - Velile & Safri Duo

10. Marchin' On - One Republic & Timbaland

Автор: Media Control GfK/Трајче Тосев

Редактор: Александра Трајковска