1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Германски топ десет

Ова е распоредот на десетте најпродавани синглови во Германија за изминатата недела.

default

Edward Maya на 24 години веќе има неколку бизниси

1. We No Speak Americano - Yolanda Be Cool & DCUP

Промени нема ниту на местото број еден. На прашањето како дошле до името Yolanda Be Cool, членовите на составот велат дека идејата им потекнува од филмот „Pulp Fiction“ на Quentin Tarantino. Во последната сцена, која Yolanda е при крај со нервите, Samuel L. Jackson и` вели „Yolanda, Be Cool“.

WM 2010 - Shakiras Waka Waka-Song

Летово актуелна благодарение на СП во фудбал - Shakira

2. Waka Waka (This Time For Africa) - Shakira feat. Freshlyground

Новиот албум на Shakira носи наслов Sale E Sol, а во продажба ќе се појави оваа есен. Пејачката најави и дека ќе одржи светска турнеја, на која ќе го промовира новиот материјал.

3. Alejandro - Lady Gaga

Се чини дека Lady GaGa има нова конкурентка. На концертот што го одржа во Њујорк минатата недела, Rihanna се претстави во ново светло, кое многу потсетува на стилот на Lady GaGa - црвена коса, ексцесивен аутфит и смело посегање по еротски трикови. Од Lady GaGa нема никаков коментар за оваа „случајна сличност“.

4. Stereo Love - Edward Maya & Vika Jigulina

Madcon

Осло е местото каде се најдоа двајцата членови на Madcon

Edward Maya доаѓа од Романија, a неговото вистинско име е Edward Marian. Има 24 години и е при крај со студиите на музичката академија во Букурешт. Истовремено гради кариера како пејач, диџеј и композитор, а веќе има и сопствена издавачка куќа.

5. Glow - Madcon

Еден од членовите на Madcon, Tschawe Baqwa, е роден во Германија, како син на емигрант од ЈАР, меѓутоа израснал во Осло. И неговиот колега од бендот, Yosef Mariam, израснал во Осло, а инаку потекнува од Етиопија.

6. California Gurls - Katy Perry

Rapper Eminem Album Cover Recovery

По неколкугодишна пауза, Eminem се враќа со нов материјал - Recovery

7. Helele - Velile & Safri Duo

8. Marchin On - Onerepublic & Timbaland

9. Not Afraid - Eminem

10. She Said - Plan B

Plan B, алијас Ben Drew со синглот She Said, неделава бележи искачување за две позиции, со што си обезбеди пласман меѓу десетте најпродавани. Криминалното минато е веќе зад него, така барем тврди самиот Ben Drew, кој порано бил дел од наркоманската сцена во Лондон, а бил вмешан и во неколку насилни инциденти. Со цел подобро да ја контролира агресивноста, дури посетувал и курс за подобра самоконтрола.

Автор: Media Control GfK / Трајче Тосев

Редактор: Жана Ацеска

WWW-линкови