1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Германски топ десет

Дојче веле ви го претставува најновиот распоред на десетте најпродавани синглови во германските музички продавници и на интернет.

default

Eminem со нов албум и нов имиџ

1. Shakira feat. Freshlyground - Waka Waka (This Time For Africa)

На првото место, повторно без промени - Shakira и Freshlyground со Waka Waka и натаму го држат врвот на Германскиот топ десет, и покрај тоа што СП во фудбал заврши пред три недели. Во меѓувреме, Shakira со полна пареа работи на нов албум, кој би требало да се појави оваа есен.

2. Lady GaGa - Alejandro

Lady Gaga неделава ја одбрани вицешампионската позиција со новиот сингл Alejandro. Инаку, во меѓувреме портпаролот на Amy Whinehouse ги демантира шпекулациите дека таа и Lady Gaga ќе работат на заеднички сингл, што наводно ќе бил објавен на новиот албум на британската пејачка. Портпаролот истакна дека тоа „едноставно не е вистина“.

Sängerin Lady Gaga

Lady GaGа неделава ја одбрани вицешампионската позиција. Дали следната недела ќе стигне до тронот?

3. Katy Perry feat. Snoop Dogg - California Gurls

4. Madcon - Glow

5. Velile & Safri Duo - Helele

6. Edward Maya feat. Vika Jigulina - Stereo Love

7. OneRepublic ft. Timbaland - Marchin' On

OneRepublic полека маршираат во правец Германија. Од 1 до 13 септември бендот ќе одржи шест концерти во повеќе германски градови, а како предгрупа ги придружуваат момците од алтернативното поп-рок трио Scouting For Girls од Лондон.

8. Yolanda Be Cool & DCUP - We No Speak Americano (новитет)

Зад песната стои австралискиот проект на Силвестер Мартинез и Џонсон Петерсон, кои заедно со колегата-диџеј Данкан Мекленан зедоа семпл од еден хит од педесеттите години. Така настана We No Speak Americano, како единствен новитет меѓу најдобрите десет неделава.

9. K'NAAN - Wavin' Flag

OneRepublic

OneRepublic во септември со шест концерти во Германија

10. Eminem - Not Afraid

Not Afraid е првиот сингл од новиот албум на Eminem, насловен Recovery. Eminem неодамна изјави дека воопшто не се разбира од техника и дека одвај се справува со најобичен компјутер. Подобро така, вели тој, бидејќи во спротивно ќе треба по цел ден да седам пред компјутер и да следам што се` се зборува за мене на интернет.

Новиот распоред на Германскиот топ десет слушнете го во недела (08.08) во емисијата во 15.00 часот!

Автор: Media Control GfK / Трајче Тосев

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска