1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Германски топ десет

Дојче веле ви го претставува распоредот на десетте најпродавани синглови во Германија за оваа недела:

default

OneRepublic повторно „маршираат“ по топ листите

1. Shakira feat. Freshlyground - Waka Waka (This Time For Africa)

Oфицијалната химна на мондијалот годинава ја отпеја Колумбијката Shakira. Токму тоа налути некои Јужноафриканци. Домаќините се пожалија дека имаат одлични домашни пејачи, и попусто е дури и фактот што придружниот бенд Freshlyground е од Јужноафриканската Република. Светската фудбалска федерација ФИФА не ангажира Африканец за официјалната химна на СП, но сепак заработувачката од песната ќе биде донирана за кампањата „20 центри за 2010“, со која низ цела Африка треба да се отворат 20 здравствени, образовни и фудбалски центри.

2. K'NAAN - Wavin' Flag

Madcon

Madcon наскоро го издаваат новиот албум

3. Velile & Safri Duo - Helele

4. Katy Perry feat. Snoop Dogg - California Gurls

Katy Perry и нејзиниот свршеник Russel Brand наводно веќе ги утврдиле местото и датумот на венчавката: судбоносното „да“ ќе го кажат на хавајскиот остров Мауи кон крајот на октомври. Сепак, засега не треба да очекуваме потврда на оваа информација од самата пејачка. Како што изјави Katy Perry, неа и` се допаѓал целиот циркус со шпекулации што постојано се вртат околу нејзината венчавка.

5. Uwu Lena - Schland O Schland

6. OneRepublic - Marchin' On

Фронтменот и пејач на OneRepublic, Ryan Tedder неодамна истакна дека е во постојана потрага по нови предизвици во музиката што ја прави и дека за разлика од други бендови, кои постојано прават копии на првиот успешен сингл што ќе го имаат, OneRepublic се обидува да експериментира. Инаку Tedder е активен и како композитор, тој на пример е еден од луѓето што стои зад хитот Bleeding Love на Leona Lewis, а прстите ги има замешано и во баладата Halo на Beyonce.

7. Madcon - Glow

MTV European Awards 2009 in Berlin

Наскоро невеста - Katy Perry

На организаторите на Евровизија досега ретко им успеваше навистина да ја анимираат публиката за време на паузата за гласање. Тоа не може да се каже за оваа година - Madcon со синглот Glow и кореографијата за песната станаа вистински хит. На интернет веќе кружат снимки од голем број поединци и групи, кои играат на ритамот на хитот на овој норвешки бенд. Еден од последните примери дојде дури од далечната Австралија.

8. Bushido feat. Kay One - Fackeln im Wind 2010

9. Edward Maya feat. Vika Jigulina - Stereo Love

Минатата недела на 13 позиција, неделава повторно се враќаат меѓу десетте најпродавани во Германија, романскиот продуцент Edward Maya и вокалот Vika Jigulina со хитот кој требаше прво да го освои останатиот дел од Европа, пред да стигне и до Германија.

10. Unheilig - Geboren um zu leben

Автор: Media Control GfK / Трајче Тосев

Редактор: Александра Трајковска