1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Германски топ десет

Дојче веле ви ги претставува десетте најпродавани синглови во Германија за изминатата седмица.

default

Katy Perry повторно пее за девојки

1. Shakira feat. Freshlyground - Waka Waka (This Time For Africa)

2. K'Naan - Wavin' Flag

3. Velile Ft. Safri Duo - Helele

Velile доаѓа од Јужноафриканската Република, но таа не е сосема непозната во Германија. Пред неколку години беше дел од мјузиклот „Кралот на лавовите“, кој се изведуваше во Хамбург. Во моментов, меѓутоа, го искористи вниманието што го привлече со синглот Helele за да го издаде својот нов албум, Tales From Africa, или приказни од Африка, кој на германсакта албумска листа дебитираше на четвртото место.

Screenshot Velile und Safari Duo

Со својот нов албум, Velile раскажува приказни од Африка

4. Uwu Lena - Schland O Schland

Името на бендот, Uwu Lena треба да бида асоцијација на Wuwuzela, додека Schland всушност значи Deutschland, односно Германија. Инаку, се работи за студентски бенд, кој на овој начин сакаше да ја изрази поддршката за германската фудбалска репрезентација.

5. Katy Perry ft. Snoop Dogg - California Gurls

6. OneRepublic ft. Timbalend - Marchin' On

Со деби синглот Apologize, OneRepublic ги освоија првите места во шеснаесет земји, а потоа следуваа уште неколку други успешни синглови. Од 2007 година наваму, бендот го држи курсот на успехот и веќе има голема база на фанови, која од ден на ден станува се‘ поголема.

7. Bushido feat. Kay One - Fackeln Im Wind 2010

8. Madcon - Glow

Неофицијалните победници на изминатата Евровизија, Madcon со синглот Glow, кој беше изведен за време на паузата за гласање. Инаку, Madcon доаѓаат од Норвешка и се формирани во 1992 година. Досега имаат три студиски албуми, а наскоро се очекува и датумот за објавување на четвртиот.

Gruppe Madcon

Новитет на Германскиот топ десет - Мadcon

9. Lena - Satellite

10. Unheilig - Geboren um zu leben

Нивниот актуелен албум Große Freiheit достигна платиниумски статус, a со емоционалната балада Geboren um zu leben бендот е на вистинскиот пат да се впише меѓу најуспешните германски бендови. Оваа недела и Für immer, вториот сингл од албумот, се пласира меѓу најдобрите дваесет на германската сингловска листа.

Автор: Media Control GfK / Трајче Тосев

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска

Аудио и видео прилози на оваа тема