1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Германски топ десет

Дојче веле ви ги претставува десетте најпродавани синглови во Германија за оваа недела.

default

Kylie се враќа со нов албум, насловен Afrodite

1. Shakira feat. Freshlyground - Waka Waka (This Time For Africa)

Waka waka (This time for Africa) е официјалната песна на СП, која ја пее Колумбијанката Шакира, поради што некои Јужноафриканци се налутија. Домаќините се пожалија дека имаат одлични домашни пејачи, и попусто е дури и фактот дека придружниот бенд Freshlyground е од Јужноафриканската Република. Светската фудбалска федерација ФИФА не ангажира Африканец за официјалната химна на СП, но сепак заработувачката од песната беше донирана за кампањата „20 центри за 2010“, со која низ цела Африка треба да се отворат 20 здравствени, образовни и фудбалски центри на „Фудбал за надеж“ („Football for Hope“).

2. K'NAAN - Wavin' Flag

Screenshot Velile und Safari Duo

Уште една песна, инспирирана од СП во фудбал - Helele

3. Velile & Safri Duo - Helele

4. Katy Perry feat. Snoop Dogg - California Gurls

Се чини дека омилена тема за која пее Katy Perry се девојките - по големиот успех што го постигна со деби синглот I Kissed A Girl, сега се враќа со California Gurls, првиот сингл од новиот албум. „Од песната ќе ви се стопат сладоледите“, ветува Katy Perry.

5. Lena Meyer-Landrut - Satellite

Само неколку недели по германската победа на Lena на Евровизија, во Келн почнува снимањето на новата телевизиска серија со наслов „Лена - љубовта на мојот живот“. Иако содржината на серијата многу потсетува на животот на германската претставничка, продуцентите велат дека всушност се работи за преработка на аргентинска телевизиска серија, со слична содржина.

6. Bushido feat. Kay One - Fackeln im Wind 2010

Ова е песната што германската фудбалска репрезентација наводно ја слушала пред секој натпревар. Раперот Buschido пред извесно време се запознал со репрезентативецот Sami Khedira и од нивното спонтано дружење се родила химната на германската фудбалска репрезентација.

7. Madcon - Glow

8. Unheilig - Geboren um zu leben

Probe Monrose Grand Prix 2007

Според магазинот FHM, Mandy од Monrose (лево) е најатрактивната жена во Германија

9. Monrose - Like A Lady

Monrose е уште еден германски бенд кој произлезе од разните шоуа за таленти, но за големо изненадување, тие успејаа да се етаблираат на германската музичка сцена. Like A Lady е првиот сингл од нивниот четврти студиски албум, насловен Ladylike.

10. Kylie Minogue - All The Lovers

Синглот All The Lovers бил еден од последните кои биле напишани за новиот албум на Kylie, насловен Afrodite, а кој треба да излезе во продажба на 2 јули. „Уште при самото снимање на песната, знаев дека токму неа сакам да ја издадам како прв сингл, бидејќи совршено ја пренесува поентата на албумот“, истакнува австралијанската пејачка.

Автор: Media Control GfK / ТТ

Редактор: Александра Трајковска

Поврзана содржина