1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Германски топ десет

Дојче веле ви ги претставува десетте најпродавани синглови во Германија за минатата недела!

default

K'NAAN повторно се враќа на врвот

1. K'NAAN - Wavin' Flag

Роден е во 1978 година во Могадишу како Kaynaan Warsame, но живее и работи во Канада, под уметничкото име K'naan. Неделава се враќа на шампионската позиција во Германија со синглот инспириран од мундијалот во Јужноафриканската република.

2. Shakira - Waka Waka (This time for Africa)

3. Lena - Satellite

Лена сега има црно на бело - пред неколку дена 19 годишната победничка на Евровизија ја доби дипломата за положена матура. Во нејзиното средно училиште во Хановер се одржа забава, каде таа, заедно со останатите од нејзината генерација, ги примија дипломите и одржаа говори.

Lena Flash-Galerie

Горда на постигнатото - Lena

4. Unheilig - Geboren um zu leben

5. Velile & Safri Duo - Helele

Како и вообичаено, светското првенство во фудбал е инспирација за голем број музичари. Многу песни лесно ќе бидат заборавени, а некои секогаш ќе ги поврзуваме со првиот мундијал на африканско тло. Helele, песната на Velile и Safri Duo дефинитвно има потенцијал да стане таков евергрин.

6. Taio Cruz ft. Ludacris - Break Your Heart

Благодарение на хитот Break Your Heart, британскиот пејач и композитор Taio Cruz успеа да се пробие на меѓународната музичка сцена, меѓутоа тој не е нов во музичкиот бизнис. Досега работел како композитор за повеќе звучни имиња, како на пример Cheryl Cole, а се надева и на идна соработка со Rihanna.

7. Edward Maya feat. Vika Jigulina - Stereo Love

8. Mark Medlock & Mehrzad Marashi - Sewat ( A La La La La Song)

Sweat, големиот хит на Inner Circle од 1992 година, летово го рециклираа двајцата германски поп идоли, Mark Medlock и Mehrzad Marashi. Оригиналот цели три месеци се задржа на самиот врв во Германија.

Adam Lambert 2010 Flash-Galerie

Adam Lambert ја почна турнејата со нова фризура

9. Sido ft. Adel Tawil - Der Himmel soll warten

10. Adam Lambert - Whataya Want From Me

Минатата година втор на американскиот Поп идол, годинава веќе на турнеја низ САД и Канада, што треба да заврши во септември. А за посетителите на концертите, Adam Lambert има ново изненадување - неодамна ја потстрижа едната половина од косата.

Извор: Media Control GfK / ТТ

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска