1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Германски топ десет

Преглед на најпродаваните синглови во Германија!

default

Lena - повторно на врвот на топ листата

1. На првата позиција на германскиот топ десет неделава се враќа победничката на Изборот за песна на Евровизија -Lena Meyer Landrut и Satellite.

2. Уште на девет години рапуваше за своите паријатели во опасните квартови на Мугадишу. Оттаму со родителите пребега во 1991 година, поради граѓанската војна во Сомалија, прво во САД, а потоа во Канада. K'naan е на второто место со официјалната песна на Кока кола за Светското првенство - Wavin´Flag.

Soundgalerie Top 10 Deutschland Unheilig Flash-Galerie

«der Graf»

3. Неговотото имe е огромна тајна за јавност, пред која се презентира како: Der Graf - пејачот на бендот Unheilig. Веќе десет години четворицата музичари од Ахен го градат својот имиџ на готик сцената, со песната Geboren um zu Leben допреа до пошироката публика и неделава се на третото место.

Flash-Galerie Shakira Eröffnungskonzert Südafrika Fußball Weltmeisterschaft 2010

Shakira

4. Две места погоре од минатата недела, за официјалната песна на ФИФА за Светското првенство во фудбал во Јужноафриканската Република. Shakira feat. Freshlyground со Waka Waka (This Time for Afrika).

5. Двајца победниците од кастинг шоуто во Германија Mark Medlock и Mehrzad Marashi со реге-поп верзијата на Sweat (A La La La La Long) се на петото место- синглот кој веќе беше супер хит.

6. Тaio Cruz feat. Ludacris со синглот Break your haert неделава се на шестата позиција.

Mark Medlock und Mehrzad Marashi

Mark Medlock- Mehrzad Marashi

7. Музичката телевизиска станица МТВ одамна ги организира т.н Uplugged-Events, на кои познати музичари со користење само на класичните инструменти ги изведуваат своите синглови. Како прв германски рапер, Sido учествуваше на еден од овие концерти во Берлин. Во придружба на Adel Tawil и 13 член Unplugged Band произлезе Der Himmel soll warten. Синглот неделава бележи пад од третата на седмата позиција.

8. На осмо место скок од 13 за синглот Stereo Love на Edward Maya fead. Vika Jugulina.

9. На деветото место, без промени, се пласираше песната Dont´t Belive на Mehrzad Marashi.

Musiker Adam Lambert Flash

Adam Lambert

10. Иако Adam Lambert на американсктот ТВ кастинг шоу го освои само второто место, реши да остане на музичката сцена. 28 годишниот Американец веќе објави три албуми и четири сингла. Adam Lambert израсна во еврејско семејство во Сан Диего. Првите музички чекори ги направи како пејач на спиритуални песни. Денес тој се декларира како хомосексуалец и обожува да ги шминка очите со црно калајно моливче. Неговата песна Whataya Want From Me неделава бележи пад за две места и е на десетата позиција на германскиот топ десет.

Автор: Александра Трајковска / dw/ einslive

Редактор: Жана Ацеска

Поврзана содржина