1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Германски топ десет

Ова се најпродаваните десет синглови за оваа недела во Германија.

default

Shakira е композитор и ко-продуцент на Waka Waka

1. K'Naan - Wavin' Flag

Трета недела по ред Сомалиецот K'naan го држи врвот на листата со Wavin' Flag, тема посветена на Светското првенство во фудбал во Африка.

2. Mark Medlock & Mehrzad Marashi - Sweat (A La La La La Song)

Toa што му успеа на бендот Inner Circle во 1992 година им успева сега и на Mark Medlock и Mehrzad Marashi. Со реге-класиката Sweat, бендот Inner Circle беше на врвот во Германија цели три месеци. Дали тоа ќе им појде од рака и на двајцата германски супер-таленти?

Mark Medlock und Mehrzad Marashi

Загарантиран успех со проверен хит - Sweat (A la la la la Song)

3. Sido ft. Adel Tawil - Der Himmel soll warten

4. Unheilig - Geboren um zu leben

5. Taio Cruz ft. Ludacris - Break Your Heart

Деби-албумот на Taio Cruz се вика Rockstarr, а тој не се срами да признае дека неговата музика е од жанрот поп. „Во последно време многу музичари почнаа да го валкаат овој музички правец. Вистинска поп-музика беше она што го правеа Madonna и Michael Jacskon“, истакна Cruz, кој во Велика Британија досега имал многу број еден синглови, меѓутоа не како изведувач, туку како композитор.

6. Shakira ft. Freshlyground - Waka Waka (This Time For Africa)

Shakira и СП во фудбал - проверено успешна комбинација. За првенството во 2006 година го имаше хитот Hips Don't Lie, а овојпат заедно до јужноафриканскиот бенд Freshlyground го испеја синглот Waka Waka (This Time for Africa), кој Shakira сама го напиша и учествуваше во неговата продукција. Исто како и пред четири години, Shakira ќе го испее хитот на крајот од првенството.

7. Lena - Satellite

Тешко е да се поверува дека нејзината музичка кариера започна пред само неколку месеци, кога Lena се пријави на националниот кастинг за избор на германски претставник на Евровизија. На крајот не само што успеа да ја победи национална конкуренција, Lena конечно и` ја донесе втората победа на Германија на евровизиската манифестација. Сега се разгледуваат плановите дали таа следната година треба повторно да настапи на Евровизија. „Доколку се` оди како што треба, немам ништо против“, истакна Lena.

Eurovision Song Contest 2010 ESC2010 Finale Oslo Deutschland Lena Meyer-Landrut

Дванаесет поени за Lena дојдоа од девет држави

8. Adam Lambert - Whataya Want From Me

9. Mehrzad Marashi - Don't Believe

10. Medina - You And I

Во нејзините вени тече половина данска и половина чилеанска крв - Medina со синглот You And I неделава успева да влезе меѓу најдобрите десет во Германија. Инаку во родната Данска, со данската верзија на синглот You And I, цели седум недели беше на врвот на листата.

Автор: Media Control GfK/Трајче Тосев

Редактор: Александра Трајковска

WWW-линкови