1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Германски топ десет

Во германските музички продавници и на интернет, минатата недела најбарани беа следниве синглови:

default

На десетина дена пред почетокот на Светското првенство во Фудбал, K'naan го освојува првото место

1. K'NAAN - Wavin' Flag

2. Sido feat. Adel Tawil - Der Himmel soll warten

Paul Hartmut Würdig e неговото вистинско име, а како Sido ја почна музичката кариера уште во 1997 година. Сепак, за комерцијалниот успех мораше да почека се` до 2004 година, кога го објави синглот Mein Block. Неделава заедно со Adel Tawil го освојува второто место во Германија со Der Himmel soll warten.

3. Unheilig - Geboren um zu leben

4. Mehrzad Marashi - Don't Believe

5. Lena - Satellite

Eurovision Song Contest 2010 ESC2010 Finale Oslo Deutschland Lena Meyer-Landrut

Од обична матурантка до победник на Евровизија - Lena

Со 246 освоени гласови, германската претставничка Lena годинава и` ја донесе втората победа на Германија на изборот за песна на Евровизија. Првиот и последен триумф на земјата беше во 1982 година. Германската јавност е толку воодушевена од Lena, што нејзините продуценти размислуваат дали е паметно вторпат да ја пратат на Евровизија.

6. Adam Lambert - Whataya Want From Me

Американецот Adam Lambert се` повеќе се соочува со коментарите дека го копира имиџот на Bill Kaulitz од германската група Tokio Hotel. Во своја одбрана Lambert пред извесно време на својата Twitter страница напиша дека уште од 12 години почнал да користи креон и лак за нокти, додавајќи дека со задоволство би отишол на шопинг со Bill Kaulitz. Очигледно имаме сличен вкус, пишува 28 годишниот Lambert.

7. Taio Cruz feat. Ludacris - Break Your Heart

Благодарение на хитот Break Your Heart, британскиот пејач и композитор Taio Cruz успеа да се пробие на меѓународната музичка сцена, меѓутоа тој не е нов во музичкиот бизнис. Досега работел како композитор за повеќе звучни имиња, како на пример Cheryl Cole, а се надева и на идна соработка со Rihanna. Taio Cruz имено веќе напишал четири песни за популарната пејачка, меѓутоа се` уште не е познато дали некоја од нив ќе се најде на нејзниот нов албум.

Großbritannien Musik Taio Cruz in London

Taio Cruz при настап во Лондон

8. Stromae - Alors On Danse

9. Jason Derulo - In my head

Во САД новиот сингл на Jason Derulo без поголеми потешкотии се најде меѓу најпродаваните десет, додека во Велика Британија го освои самиот врв на листата и тоа во првата недела од продажбата. Во Германија минатата недела на 11 место, овојпат повторно се враќа меѓу најпродаваните десет.

10. Train - Hey, Soul Sister

Автор: Media Control GfK / Трајче Тосев

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска

WWW-линкови