1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Германски топ десет

Најпродаваните десет германски синглови за оваа недела се следниве:

default

Adam Lambert лани беше второпласиран на American Idol, меѓутоа е многу поуспешен од самиот победник

1. Mehrzad Marashi - Don't Believe

2. Lena - Satellite

Ова не е иновација, туку имитација - со овие зборови британските музички критичари го оценија деби-албумот My Casette Player на младата Lena. Нивната критика е насочена кон две работи: како прво, Lena се труди да пее на англиски со акцент што го зборуваат високите друштва во Лондон, меѓутоа, тоа повеќе личи на дијалект на работничката класа, помешан со скандинавски и германски. Како второ, тие ја критикуваат нејзината музика, нарекувајќи ја копија на Lilly Alen, Amy Winehouse и Kate Nash. Во секој случај, сите надежи на Германија сега се во Lena, која наскоро во Осло ќе ја претстави земјата со Satellite.

Flash-Galerie 2010 Eurovision Song Contest Lena Meyer-Landrut Deutschland

Lena е имитација - коментираат британските музички критичари

3. K'naan - Wavin' Flag

K'Naan во моментов не ги освојува листите само со фудбалската химна Wavin' Flag. Кој сака да слушне повеќе од овој сомалиски музичар, кој живее во Канада, од петокот може да го набави и неговиот нов албум, Troubadour. На плочата, меѓу другите, работеа и Adam Levine од Maroon 5, како и Kirk Hammett oд Metallica. На германскиот топ десет бележи искачување за една позиција во однос на минатата недела и се пласира на третото место.

4. Unheilig - Geboren um zu leben

5. Stromae - Alors On Danse

6. Adam Lambert - Whataya Want From Me

И додека германските ѕвезди од разните кастинг-емисии по три дена слава паѓаат во заборав, американските таленти успеваат да се пробијат и на меѓународно ниво. Аdam Lambert беше второпласиран во осмата сезона на American Idol, меѓутоа неговиот уникатен стил и неверојатен глас го направија многу повпечатлив отколку самиот победник. Отворен во врска со својата хомосексуална ориентација, Lambert веќе почнаа да го опишуваат како машка верзија на Lady GaGa.

Beyonce und Lady Gaga

Telephone е првиот сингл со кој Lady GaGa не успева да го освои врвот во Германија

7. Lady GaGa feat. Beyoncé - Telephone

8. Train - Hey, Soul Sister

9. Taio Cruz feat. Ludacris - Break Your Heart

На Taio Cruz му успеа нешто, што ретко им успева на британските изведувачи - да го освојат врвот на американската сингловска листа. Во Велика Британија Break Your Heart е прогласена за „најарогантна песна“ и тоа не само поради насловот, туку и поради фактот што не се симнува од првото место на најдаунлодирани синглови на iTunes. Во Германија влегува како новитет на десеттата позиција.

10. Die Fantastischen Vier - Gebt uns ruhig die Schuld

Автор: Media Control GfK / Трајче Тосев

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска