1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Германски топ десет

Ова се десетте најпродавани синглови во германските музички продавници и на интернет за оваа недела.

default

1. Mehrzad Marashi - Don't Believe

На првото место во Германија и натаму останува годинешниот победник на кастинг-шоуто „Германија бара супер-ѕвезда“, Mehrzad Marashi.

2. Lena - Satellite

3. Unheilig - Geboren um zu leben

Musiker K´naan Flash

K'naan е хип-хоп изведувач роден во Сомалија, кој живее во Канада

4. K'NAAN - Wavin' Flag

„Ти честитам, напиша химна за цела една генерација“, со овие зборови раперот Jay Z го пофали синглот на K'naan, кој всушност е официјалната песна на претстојното ФИФА светско фудбалско првенство во фудбал во Јужноафриканската Република. Синглот засега ги освои првите места на листите во Канада и Мексико, меѓутоа има потенцијал да стане вистински летен хит.

5. Adam Lambert - Whataya Want From Me

Кога некој ќе реши дека сака да биде дел од поп-сцената, не може да си замисли подобар продуцентски тандем од P!nk и Max Martin. Токму овие две имиња стојат зад хитот на ѕвездата од американскиот Поп идол, Adam Lambert. Неговиот деби-албум For Your Entertainment кратко по неговото издавање се најде на третото место на американската албумска листа, а Lambert сега полека ја освојува и меѓународната сцена.

Musiker Adam Lambert Flash

Ѕвездата P!nk е еден од авторите на Whataya Want From Me

6. Stromae - Alors On Danse

7. Lady GaGa ft. Beyonce - Telephone

Статистички погледнато, нејзините спотови ги видела една петтина од светското население, а задоволството да ја видат во живо на сцена изминатата недела го имаа фановите на Lady GaGa од Берлин и Хамбург. Оценката на критичарите со еден збор гласи - Madonna може слободно да се пензионира.

8. Train - Hey, Soul Sister

Drops Of Jupiter беше првиот сингл и првиот албум на калифорнискиот состав Train, кој во 2001 година им донесе дури и Греми награда. Паузата од три години по нивниот последен албум членовите на бендот ја искористиле за размислување: „На крајот сфативме колку си значиме еден на друг“, истакна фронтменот на Train, Pat Monaham.

9. Mark Medlock - Real Love

10. Die Fantastischen Vier -Gebt uns ruhig die Schuld

Се работи за новиот сингл, преземен од осмиот студиски албум на бендот Die fantastischen Vier, чие официјално издавање е закажано за крајот на мај. Инаку Die fantastischen Vier се хип-хоп состав кој доаѓа од Штутгарт, основан уште во 1986 година.

Автор: Media Control GfK / Tрајче Тосев

Редактор: Александра Трајковска

WWW-линкови