1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Германски топ десет

Листата на десетте најпродавани синглови во германските музички продавници и на интернет, за неделава изгледа вака:

default

За снимањето на првиот спот, Mehrzad Marashi беше дури до Њујорк

1. Mehrzad Marashi - Don't Believe

На првото место во Германија и натаму останува годинешниот победник на кастинг-шоуто „Германија бара супер-ѕвезда“, Mehrzad Marashi.

2. Lena - Satellite

My Casette Player се вика деби-албумот на младата победничка на натпреварот на кој се избираше германскиот претставник на Евровизија, но тоа не беше единствената причина поради која Lena се најде на насловните страници. Имено, на виделина излезе дел од „медиумското“ минато на пејачката, која пред победата на националниот избор за песна на Евровизија, имала неколку мали улоги во неколку телевизиски серии. Во една од нив Lena се гледа сосема соблечена во базен со некој маж. Но, нејзините фанови не се потресоа премногу - кога човек е млад, сака се` да испроба.

No-Flash Lena Meyer-Landrut

Матурантката од Хановер се подготвува за државната матура и за настапот во Осло - Lena

3. Unheilig - Geboren um zu leben

4. Stromae - Alors On Danse

5. Mark Medlock - Real Love

6. Lady GaGa feat. Beyoncé - Telephone

Синглот Telephone Lady Gaga првично го напишала за најновиот албум на Britney Spears, меѓутоа бидејќи Britney не го искористила, Lady Gaga решила да го земе за сопствениот албум. Инаку, неделава Gaga одржува концерт во Берлин.

Film Vincent will mehr Szenenbilder Flash-Galerie

Од филмот „Винсент сака море“, на чиј саундтрак се најде и Hey, Soul Sister

7. Train - Hey, Soul Sister

Hey Soul Sister е првиот сингл по четиригодишната музичка пауза на Train, кој се најде и на саундтракот за најновото филмско остварување од германска продукција, „Винсент сака море“, кој забележа неочекуван комерцијален успех.

8. Cheryl Cole - Fight For This Love

9. David Guetta ft. Kid Cudi - Memories

10. Jason Derulo - In My Head

Jason Derulo веќе не е непознато име на германската музичка сцена - со неговиот деби-сингл Whatcha say веќе беше меѓу најпродаваните десет, а сега се враќа со новиот сингл, In My Head. Инаку, пред издавањето на својот прв албум, Jason Derulo работел како текстописец за Lil Wayne, P. Diddy, Sean Kingston и Iyaz.

Автор: Мedia control GfK / Трајче Тосев

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска