1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Германски топ десет

Ова се десетте синглови, кои минатата недела најмногу се продаваа на германскиот музички пазар.

default

Mehrzad Marashi до последен миг сметаше дека битката со неговиот противник, Menowin Fröhlich, е изгубена

1. Mehrzad Marashi - Don't Believe

Mehrzad Marashi има 29 години и е победник на годинешното кастинг-шоу „Германија бара суперѕвезда“. Тој во текот на минатата недела го сними спотот за својот прв сингл, а за таа цел Mehrzad беше дури до Њујорк. Неговите противници минатата недела формираа групи на „Фејсбук“ и на неколку други германски интернет-страници, на кои повикуваа наместо синглот на Mehrzad, да се купува Stairways To Heaven од Led Zepellin или, пак, германскиот хит од деведесеттите, Boomerang на бендот Blümchen. Сепак, фановите на Mehrzad беа побројни и неделава му го донесоа првото место на германската сингловска листа.

2. Lena - Satellite

Lena неделава се спушти на втората позиција во Германија откако шест недели по ред беше на врвот. Меѓутоа, во Осло Lena би била пресреќна доколку само еднаш застане на шампионската позиција, што ќе значи втора победа на Германија досега, во историјата на изборот на песна на Евровизија.

Flash-Galerie Musik Deutschland Mark Medlock

Мark Medlock ја искористи победата на Германија бара суперѕвезда и изгради успешна кариера

3. Mark Medlock - Real Love

Mark Medlock е дефинитивно досега еден од најуспешните победници на „Германија бара суперѕвезда“, со продадени преку 2.5 милиони албуми, во најголем дел продуцирани од Dieter Bohlen, кој на многумина им е многу попознат како едната половина од дуото Modern Talking. Real Love, по минатонеделното деби на Германскиот топ десет на втората позиција, неделава се спушта до третото место.

4. Stromae - Alors On Danse

5. Unheilig - Geboren um zu leben

6. Lady GaGa feat. Beyoncé - Telephone

Сега веќе е официјално - Lady GaGa е највлијателната личност во светот, барем според американскиот магазин Time, кој редовно ги составува овие листи. Во категоријата „уметници“, Lady GaGa e на самиот врв, а меѓу другите на листата се најдоа и британската тинејџерска ѕвезда Robert Pattinson и колешката на GaGa, Beyonce.

Flash-Galerie Musik Sängerin Lady Gaga

Највлијателен уметник според магазинот Time - Lady GaGa

7. Blümchen - Boomerang

8. Cheryl Cole - Fight For This Love

9. David Guetta feat. Kid Cudi - Memories

По огромниот успех што го постигна со албумот One Love, David Guetta се претвори во еден од најбараните продуценти на денешницата. Од неговата работилница на 7 мај треба да излезе новиот сингл на Kelis, насловен Acapella, што воедно претставува најава за нејзиниот нов студиски албум.

10. Train - Hey, Soul Sister

Алтернативниот рок-состав Train е формиран во 1994 година во Сан Франциско, а досега има издадено пет студиски албуми. Актуелниот сингл Hey, Soul Sister стана еден од најуспешните, успевајќи да се пласира меѓу најдобрите три синглови на американската листа Билборд хот 100, а влезе и меѓу десетте најпродавани во неколку други држави, меѓу кои и Германија.

Автор: ТТ / Media Control GfK

Редактор: Жана Ацеска