1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Германски топ десет

Листата десет најпродавани синглови во Германија за оваа недела изгледа вака:

default

Marc Medlock - еден од ретките победници на германскиот Поп-идол со успешна кариера

1. Lena Meyer-Landrut - Satellite

Првото место во Германија неделава и натаму го држи Lena Meyer-Landrut, германската претставничка на Евровизија. Таа на 7 мај ќе го издаде нејзиниот деби албум и најави дека отсега натаму ќе се претставува единствено како Lena, a под ова име ќе настапи и во Осло.

2. Mark Medlock - Real Love

Mark Medlock навистина ја искористи шансата што ја доби со победата на германскиот Поп-идол. Запрашан која е неговата тајна на успехот, тој истакна: „Благодарноста што можам да го работам ова што го работам, мојата верност кон соработниците, кон мене самиот и кон Дитер Болен. И секако, не смее да се заборави гласот, тоа е мојот најголем капитал.“

3. Stromae - Alors On Danse

4. Unheilig - Geboren um zu leben

Beyonce und Lady Gaga

Конкурентките на листите ги здружија силите во заедничкиот сингл Telephone - Beyonce и Lady GaGa

5. Lady GaGa ft. Beyonce - Telephone

Додека стилот на облекување на Lady GaGa често предизвикува воодушевување, тоа не може баш да се каже за цртите на нејзиното лице. Пријател на пејачката неодамна изјави дека таа наводно размислувала за корекција на носот, пополнување на јаболчниците, зголемување на градите и уште неколку други хируршки зафати за подобрување на нејзината надворешност. Меѓутоа, Lady GaGa ги демантираше ваквите шпекулации, изјавувајќи дека никогаш нема да легне под нож поради убавина.

6. Cheryl Cole - Fight For This Love

Се вели, секое зло за добро, а Cheryl Cole е одличен пример. За разлика од тешкотиите со кои се соочува во брачниот живот, се чини дека кариерата и` се движи во вистински правец. Британската пејачка пред извесно време го посети Лос Анџелес и толку многу ги воодушевила продуцентите на Дизни, што размислуваат да и` дадат некоја улога во нивните шоуа. Така 26-годишната Cole би можела да им се придружи на тинејџерските ѕвезди од типот на Miley Cyris и Selena Gomez.

7. David Guetta feat. Kid Cudi - Memories

USA Musik Rockband Train Flash-Galerie

Tran се враќаат со нов албум, петти по ред - Save Me, San Francisco

8. Train - Hey, Soul Sister

Три години немаше ни трага ни глас од бендот Train, но сега дојде времето да ги презентираат резултатите од нивната креативна пауза. Во петокот во продажба излезе новиот албум на составот, насловен Save Me, San Francisco, за кој членовите велат дека е навраќање на рок-звуците, кои беа позастапени на нивните постари остварувања. Hey, Soul Sister како новитет директно на осмата позиција во Германија.

9. IYAZ - Replay

10. Kesha - Tik Tok

Успехот што Kesha го постигна со синглот Tik Tok и нејзиниот деби-албум Animal ги изненади дури и менаџерите на нејзината издавачка компанија RCA. Во САД и песната и албумот го освоија првото место на листите, а на почетокот на годинава со Tik Tok, Kesha беше на врвот насекаде во светот, од Германија до Нов Зеланд.

Автор: Трајче Тосев / Media Controf GfK

Редактор: Александра Трајковска