1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Германски топ десет

Ова се десетте најпродавани синглови во германските музички продавници и на интернет за оваа недела:

default

Nena е Made in Germany

1. Lena Meyer-Landrut - Satellite

Речиси 45 години по првата и единствена победа на Германија на Евровизија, Lena Meyer-Landrut би можела конечно да и` донесе славје на нејзината родна земја. Според прогнозите на европските обложувалници, Lena ја предводи листата на фаворити за галата што ќе се одржи во Осло. Инаку, во изминативе десетина години, прогнозите на обложувалниците скоро секогаш се исполнувале.

Lena Meyer-Landrut

Дали славјето ќе се повтори и во Осло? Lena Meyer-Landrut по победата на националниот избор

2. Stromae - Alors On Danse

3. Unheilig - Geboren um zu leben

4. Nena - In meinem Leben

99 Luftbalons е синглот по кој ќе остане запаметена, но Nena има уште голем број други хитови, а годинава го издаде и новиот албум, Made in Germany. Така е насловена и нејзината роденденска турнеја, која почна во четвртокот, а во чест на нејзиниот педесетти роденден, ќе одржи педесет концерти низ Германија.

Cheryl Cole bei den Brit Awards in London 2010 Flash-Galerie

Кога не останува ништо друго, помошта се бара и кај гатачки - Cheryl Cole

5. Gossip - Heavy Cross

6. Cheryl Cole - Fight For This Love

Fight For This Love е актуелниот сингл на Cheryl Cole, а се чини дека таа навистина се бори за љубовта. Во потрага по лек за скршениот брак со нејзиниот сопруг, фудбалерот Ashley Cole, Cheryl стигнала до една гатачка. Таа наводно ја убедила дека тие двете се сродни души од некој претходен живот и дека Cheryl мора задолжително да дојде на уште една сеанса.

7. Kesha - Tik Tok

Flash-Galerie Musik Kolumbien Shakira

Shakira за време на настап во Мексико Сити

8. Shakira - Gipsy

Shakira открива дека инспирација за песната пронашла во нејзиниот начин на живот. „Откако станав популарна, постојано патувам, и некогаш навистина се чувствувам како номад.“ Меѓутоа, не е страшно, вели пејачката, бидејќи на тој начин се запознала со многу други земји и култури.

9. IYAZ - Replay

10. David Guetta ft. Kid Cudi - Memories

По огромниот успех што го постигна со албумот One Love, David Guetta се претвори во еден од најбараните продуценти на денешницата. Од неговата работилница на 7 мај треба да излезе новиот сингл на Kelis, насловен Acapella, што воедно претставува најава за нејзиниот нов студиски албум.

Автор: Трајче Тосев

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска