1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Германски топ десет

За првпат во историјата на Германската листа на синглови, три песни од еден изведувач во исто време се наоѓаат меѓу најпродаваните пет синглови.

default

Lena-Meyer Landrut се радува на победата во „Нашата ѕвезда за Осло“

1. Lena Meyer-Landrut - Satellite

Во возбудливото финале од шоуто „Нашата ѕвезда за Осло“ не само што се избираше германскиот претставник на Евровизија, туку се избираше и песната. Така Lena Meyer Landrut и Jennifer Braun ги изведоа сингловите Bee и Love Me, а освен тоа секоја од нив испеа и различна верзија на победничката Satellite. Додека Jennifer Braun ја изведе песната во побавна, меланхолична верзија, нејзината конкурентка Lena Meyer Landrut, со својот невообичаен стил и настап, успеа да си ја обезбеди победата и на националниот избор за Евровизија и на овонеделното издание на Германскиот топ десет со малку побрза верзија на песната Satellite.

Finale Casting Eurovision Song Contest Flash-Galerie

Конкурентката Jennifer Braun при настапот на финалето

2. Stromae - Alors On Danse

3. Lena Meyer-Landrut - Bee

4. Lena Meyer-Landrut - Love Me

5. Unheilig - Geboren um zu leben

6. Kesha - Tik Tok

7. Cheryl Cole - Fight For This Love

Cheryl Cole

Cheryl Cole во средината на брачен пекол

Новата британска поп-принцеза ја почна својата кариера во бендот Girls Aloud, a на насловните страници од таблоидите заврши благодарение на нејзиниот сопруг, фудбалерот Ashley Cole, кој наводно ја изневерувал на сите страни. Иако по избувнувањето на аферата парот едвај зборувал, сега се појавија шпекулации дека фудбалерот ќе ја искористи празничната атмосфера на Велигден за да побара прошка од својата сопруга.

8. IYAZ - Replay

9. Rihanna - Rude Boy

Се чини дека Rihanna веќе дефинитивно расчисти со траумите од минатото и врската со раперот Chris Brown. Имено, според најновите информации, таа му понудила на своето ново момче, 25 годишниот бејзбол играч Matt Kemp, да се всели заедно со неа во нејзината нова вила во Холивуд. Kemp бил пресреќен поради идејата, а не му пречело ниту тоа што тој и Rihanna се познаваат многу кратко.

10. Jennifer Braun - I Care For You

Иако во битката за претставување на Германија во Осло заврши втора, Jennifer Braun ги освои срцата на германската публика и неделава како новитет влегува директно на местото број десет со I Care For You.

Извор: Мedia control GfK / Трајче Тосев

Редактор: Жана Ацеска

Аудио и видео прилози на оваа тема