1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Германски топ десет

Новиот распоред на германскиот топ десет изгледа вака.

default

По драмите на приватен план - повторно успеси за Rihanna

1. Stromae - Alors on Danse

Се вика Паул Ван Хавер, текстописец е и продуцент на хип хоп и електро музика. На музичката сцена прво настапуваше под псевдонимот Opmaestro, а денес под Stromae. По освојувањето на белгиската и француската топ листа, Stromae веќе две недели по ред го држи шампионското место и во Германија.

2. Kesha - Tik Tok

Неколку недели го држеше самиот врв во Германија, минатата недела се најде на четвртата позиција, а овојпат повторно бележи искачување за две позиции - Kesha со Tik Tok се враќа на местото број два во Германија.

Soundgalerie Top 10 Deutschland Unheilig Flash-Galerie

Бернд Хајнрих Граф, фронтменот на германскиот состав Unheilig

3. Unheilig - Geboren um zu leben

4. Rihanna - Rude Boy

Како новитет во Германија директно на четвртата позиција - Rihanna со Rude Boy. Ова воопшто не е лош резултат, иако поголема причина за славење има на листата во САД, каде веќе постави нов рекорд - по хитовите S.O.S., Live Your Life, Umbrella, Disturbia и Take A Bow , Rude Boy е шестиот сингл на Rihanna што го освојува врвот на официјалната американска сингловска листа.

5. Cheryl Cole - Fight For This Love

6. Keri Hilson - I Like

Cheryl Cole bei den Brit Awards in London 2010 Flash-Galerie

Новата британска поп-принцеза, Cheryl Cole, која кариерата ја почна во составот Girls Aloud

7. IYAZ - Replay

IYAZ има 22 години, доаѓа од Британските девствени острови и никогаш не ни сонувал дека може да постигне светски успех со неговата музика. Целта ми беше на луѓето да им пренесам дел од летото, вели IYAZ, кој се подготвува за издавање на неговиот прв студиски албум во април.

8. Timbaland ft. Katy Perry - If We Ever Meet Again

If We Ever Meet Again e четвртиот сингл од албумот на продуцентот Timbaland, насловен Shock Value, а овојпат како гостинка ја има Katy Perry. Инаку Timbaland неодамна откри дека инспирацијата за овој сингл ја добил од песната на Black Eyed Peas, I Gotta Feeling. Освен тоа, ова е еден од ретките синглови каде го слушаме Timbaland како пее, наместо да рапува. „Не дека пејам којзнае колку добро, но песната совршено одговара на мојот глас“, истакнува скромно мега-успешниот продуцент.

Timbaland Performance Flash-Galerie

Кој пее, зло не мисли - Timbaland настапува во Hard Rock Cafe во Холивуд

9. Die Atzen Frauenarzt & Manny Marc - Disco Pogo

10. David Guetta ft. Kic Cudi - Memories

На албумот One Love, David Guetta соработуваше со голем број ѕвезди, како Kelly Rowland, Estelle, Akon, а последен во редот е Kid Cudi. По огромниот успех што го постигна како продуцент, побарувачката по David Guetta станува се` поголема. Веќе е сигурно дека тој ќе продуцира најмалку еден сингл што треба да се појави на новиот албум на поп-пејачката Britney Spears, кој светлината на денот треба да ја здогледа овој јуни.

Извор: Мedia control GfK/ТТ

Аудио и видео прилози на оваа тема