1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Германски топ десет

Распоредот на најдобрите десет во Германија за оваа недела изгледа вака:

default

IYAZ неделава како новитет на седмото место

1. Kesha - Tik Tok

Kesha неодамна во изјава за британскиот весник Sun упати критики на сметка на нејзината многу поискусна колешка, Britney Spears. Kesha истакна дека не може да сфати како Britney може да си дозволи на своите концерти да пее на плејбек. „Тоа не е фер кон фановите, јас никогаш не би сторила такво нешто. Ако си пејачка, треба да пееш“, oстро истакна Kesha.

2. Keri Hilson - I Like

Soundgalerie Top 10 Deutschland Stromae Flash-Galerie

Stromae во успешен поход и на листата во Германија

3. Stromae - Alors On Danse

Paul van Haver, вистинското име што се крие зад Stromae, уште како мал искажал интерес за музика и почнал да посетува настава по тапани. По соработката во повеќе бендови, тој во 2008 година потпишува четиригодишен договор со една продуцентска куќа, а на почетокот од 2010 го издава и синглот Alors On Danse, кој во Белгија и Франција постигна одличен успех на топ-листите.

4. Die Atzen Frauenarzt & Manny Marc - Disco Pogo

5. Unheilig - Geboren um zu leben

Групацијата Unheilig е формирана во 1999 година и досега имаат издадено вкупно седум студиски албуми. Große Freiheit е насловенo нивното најново дело, a од него синглот Geboren um zu leben неделава се наоѓа на петтата позиција во Германија.

6. Owl City - Fireflies

7. IYAZ - Replay

Број четири на Билборд хот сто и прва позиција на радиската листа во САД - синглот Replay забележа дигитална продажба од вкупно 1.2 милиони примероци. Со ова дебитантот IYAZ, кој доаѓа од Британските девствени острови, дефинитивно навестува што може да се очекува од него во наредниов период.

Lady Gaga Flash-Galerie

Ексцентричната пејачка собра три „Еcho“ награди, но не присуствуваше на доделувањето во Берлин

8. Lady GaGa - Bad Romance

Lady Gaga беше големиот победник на десеттото доделување на најважните германски музички награди "Echo". Сепак, таа не беше во Берлин, бидејќи моментално е на светска турнеја.

9. David Guetta feat. Kid Cudi - Memories

Без сомнение минатата 2009 година беше година на David Gueta. Со хитовите како " When Love Takes Over (feat. Kelly Rowland)", "Sexy Bitch (feat. Akon)" и "One Love (feat. Estelle)" , францускиот диџеј владееше до подиумите низ целиот свет. Memories сега се приклучува кон низата успешни синглови и влегува како новитет во Германија директно на местото број девет.

10. Aura Dione - I Will Love You Monday

Извор: Мedia control GfK / Трајче Тосев

Редактор:Елизабета Милошевска Фиданоска