1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Германски топ десет

Ова се десетте најпродавани синглови во Германија за оваа недела.

default

Adam Young, кој настапува под името Owl City, овој и наредниот месец има неколку настапи во Германија

1. Kesha - Tik Tok

Отсекогаш знаев дека сакам да бидам на сцена, вели 22 годишната американска пејачка Kesha, чија амбициозност отишла дотаму, што се откажала од образованието на сметка на кариерата. Упорноста се исплати, неделава и нејзиниот прв албум, Animal, бележи искачување до седмото место на листата најпродавани албуми во Германија.

Unheilig CD-Cover

Албумот Grosse Freiheit ќе биде претставен и во живо на голема турнеја низ Германија

2. Keri Hilson - I Like

3. Unheilig - Geboren um zu leben

Во петокот излезе во продажба и новиот албум на Unheilig, под насловот Grosse Freiheit. Меѓутоа, тоа не е се`, бендот својот нов материјал ќе го претстави и во живо. Големата турнеја почнува на 19 март и ќе трае до 19 јуни, а Unheilig ќе ја обиколат цела Германија, а ќе имаат и неколку настапи во Австрија.

4. Lady GaGa - Bad Romance

Откако победи во сите три категории во кои беше номинирана на годинешните Brit Awards, Lady GaGa имаше уште една причина да се чувствува поласкана. Имено, со сигурност може да се каже дека пејачкат има барем еден обожавател со сина крв во вените - британскиот принц Хари. Како што пишува интернет-страницата на Daily Star, најмладиот внук на кралицата Елизабета Втора сакал приватно да се сретне со пејачката и да помине една вечер со неа. Пријателите му советувале дека најдобро е да ја покани во неговиот омилен клуб во Лондон.

5. Die Atzen Frauenarzt & Manny Marc - Disco Pogo

6. Owl City - Fireflies

Во петокот излезе во продажба албумот на Owl City, насловен Ocean Eyes, а Adam Young вели дека воопшто не сметал дека ќе постигне толкав успех со синглот Fireflies. Песната беше одраз на моето расположение, еден викенд моите не беа дома, па решив да ги „отрештам“ звучниците и да работам на песната, што требаше да се најде на мојот албум, вели Adam Young. Овој и наредниот месец Owl City е на турнеја низ Германија, а веќе се целосно распродадени три од четирите настапи.

7. Stromae - Alors on Danse

Albumcover Alors on Dance von Stromae

На пат да ја освои и Германија - Stromae

Од Брисел не доаѓаат само препораки од ЕУ, туку и добра музика - Stromae веќе ги освои првите места на листите во Белгија и Франција, а на добар пат е да го повтори успехот и во Германија со синглот Alors on Danse. Неделава забележа изненадувачки голем скок, од местото 16 на 7 позиција.

8. Aura Dione - I Will Love You Monday

9. The Black Eyed Peas - Meet Me Halfway

10. Bushido - Alles wird gut (новитет)

Alles wird gut или „Се ќе биде добро“ е песната што го најавува деветтиот студиски албум на Buschido, насловен Zeiten ändern dich, односно „Времето те менува“. Ова истовремено е и наслов на филмот во кој се појавува Buschido и една од ретките песни што се најде и на саундтракот за филмот и на новиот албум на раперот.

Автор: Мedia control GfK / Трајче Тосев

Редактор: Жана Ацеска