1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Германски топ десет

Распоредот на десетте најпродавани синглови во Германија за оваа недела изгледа вака:

default

Најголемото искачување неделава за Herbert Grönemeyer

1. Tik Tok - Kesha

Американката Kesha минатата недела беше гостинка во шоуто на популарниот германски водител Stefan Raab, каде откри дека наводно не добила ниту цент од хитот Right Round на Flow Ridа, каде го пееше рефренот. Но, кругот се врти - со издавањето на албумот Animal и огромниот успех на синглот Tik Tok, повеќе од сигурно е дека Kesha нема причина да се жали.

2. Keri Hilson - I Like

3. Lady GaGa - Bad Romance

Grammy Awards in Los Angeles Elton John und Lady Gaga Flash-Galerie

Подарок или скапо платено - пијаното сега е во сопственост на Lady GaGa

Lady GaGa деновиве има причина повеќе да се радува. Како што пишува интернет-страницата Entertainmentwise, Terence Koh, канадски панк-изведувач со кинеско потекло, и` го подарил на Lady GaGa двојното пијано на кое таа свиреше на доделувањето на наградите Grammy, заедно со Elton John. Според други информации, пак, пејачката го откупила пијаното, и тоа за дебела сума пари - иако портпаролот на Terence Koh ги демантира ваквите шпекулации.

4. Aura Dione - I Will Love You Monday

5. Die Atzen Frauenarzt & Manny Marc - Disco Pogo

По успешниот хит Das geht ab, без кој не поминуваше ниту една забава во Германија минатото лето, Frauenarzt и Manny Marc се враќаат со нов сингл, чија цел не е многу поразлична од онаа на првиот - журка. Во синглот целосно се опишува што треба да се прави во диско, а „пого“ се однесува на еден вид танц, кој всушност потекнува од панкот.

Flash-Galerie Musik Deutschland Band Frauenarzt & Manny Marc

Frauenarzt & Manny Marc се враќаат со нов сингл

6. The Black Eyed Peas - Meet Me Halfway

7. Owl City - Fireflies

Owl City e уметничкото име на Adam Young, млад композитор кој потекнува од Минесота и кој со музика почнал да се занимава затоа што пател од несоница. Почетокот на својата кариера Adam Young му го должи на интернет порталот MySpace, каде во 2007 година поставил еден од своите синглови. За само една година имал 7 милиони посети на профилот, а неговата музика била преслушана повеќе од 40 милиони пати.

8. Herbert Grönemeyer - Komm zu Ruhr

Herbert Grönemeyer доаѓа од Рурската област, која оваа година го носи епитетот Културна престолнина на Европа. Токму тоа беше инспирацијата на Grönemeyer за песната, Komm zu Ruhr, која неделава се искачува од 21 на 8 позиција.

Flash-Galerie Musik Sänger Jason Derulo

Неделава Jason Derulo се спушта за две позиции, но се` уште меѓу најпродаваните десет

9. Jason Derulo - Whatcha Say

10. Stanfour - Wishing You Well

Германскиот состав Stanfour досега настапувал како предгрупа на John Fogerty и Backstreet Boys, а меѓу другото имаа заеднички настапи и со Bryan Adams, OneRepublic и a-ha. Досега имаат издадено два албума, Wild Life во 2008 и Rise And Fall во 2009.

Автор: Мedia control GfK / Трајче Тосев

Редактор: Жана Ацеска