1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Германски топ десет

Ова е распоредот на најпродаваните десет синглови во Германија за оваа недела:

default

Првпат сама на врвот - Kesha

1. Kesha - Tik Tok

Оваа Американка првпат почувствува како е да бидеш на врвот на листите минатата пролет, кога заедно со Flo Rida го имаше успешниот сингл Right Round. Сега е време за самоуверен соло настап со синглот Tik Tok, кој неделава го освојува врвот во Германија.

2. Keri Hilson - I Like

3. Lady GaGa - Bad Romance

4. Aura Dione - I Will Love You Monday

Flash-Galerie Musik Sängerin Aura Dione

Критичарите вознемирени од стилот што Aura го прикажа на Берлинската модна недела

Aura Dione доаѓа од студената Данска, а она што модните критичари се прашуваа изминативе денови е дали ниските температури го замрзнале и нејзиниот вкус за мода? Во Берлин минатата недела се одржуваше Берлинската модна недела, а токму тоа е навистина незгодно место да се појавите во не толку успешна модна комбинација. Ова најверојатно беше и добра лекција за младата Aura, која мора да научи дека во светот на шоу-бизнисот ништо не треба да се остави на случајноста.

5. Die Atzen Frauenarzt & Manny Marc - Disco Pogo

6. The Black Eyed Peas - Meet Me Halfway

7. Jason Derulo - Whatcha Say

Jason Derulo

Новата американска инстант-ѕвезда, Jason Derulo

На музичката сцена се појави буквално преку ноќ, има дваесет години, а меѓу неговите адути спаѓаат кореографирање, танцување, глума и пишување песни. Jason Derulo успеа да се искачи дури до високото четврто место на американскиот Билборд топ 100, со синглот во кој зема семпл (дел) од Hide & Seek на Imogen Heap.

8. Culcha Candela - Monsta

Во Германија пред околу еден месец почна да се прикажува јубилејната, десетта сезона од популарното реалити шоу „Големиот брат“. Покрај другите работи, интересно е што првпат продуцентите се осмелија да употребат автоиронија, па како најавна шпица го земаа хитот на Culcha Candela, Schöne neue Welt, или во превод „Убав нов свет“.

9. Rihanna - Russian Roulette

Die Band Stanfour

Звучат како брит-поп, но всушност се Германци - Stanfour

10. Stanfour - Wishing You Well

Stanfour се германски бенд, оформен во 2004 година, а досега имаат издадено два студиски албуми. Во новиот сингл, Wishing You Well, пеат за крајот на една врска - нашите песни се секогаш мешавина од лично искуство и поезија, велат членовите на Stanfour.

Извор: Мedia control GfK / Трајче Тосев

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска