1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Германски топ десет

Ова е распоредот на десетте најпродавани синглови во Германија за оваа недела:

default

Keri Hilson

1. " I Like" Keri Hilson - Првото место е резервирано за Keri Hilson. R&B- пејачката доаѓа од американската сојузна држава Атланта и е ѕвезда во САД, за остатокот од светот досега беше непознато лице. За популарноста во Европа во прва линија му благодари на филмот "Zweiohrküken" на германскиот режисер Til Schweiger, кој толку беше инпресиониран од песната "I like" што ја зема како насловна за неговиот филм. Популарноста на филмот и го отвори патот до тронот на германската топ листа.

2. "TiK ToK" Kesha - По соработката со Britney Spears и Katy Perry, девојката од Калифорнија минатата година во септември го објави првиот сопствен сингл насловен “TikTok“. Пред да ја освои американската топ листа, песната веќе се најде на место број еден на топ листата во Нов Зеланд, со што го почна освојувачкиот поход во САД, Канада и Австралија. Недeлава ја освои и втората позиција на германскиот топ десет.

Kesha

Kesha

3. "Bad Romance" Lady Gaga

4. "I will love you monday" Aura Dione

5. "Meet Me Halfway" Black Eyed Peas

6. "Disco Pogo" Die Atzen Fraunearzt & Manny Marc

Herbert Grönemeyer in Eisberg-Kulisse

Herbert Grönemeyer

7. "Komm Zur Ruhr" Herbert Grönemeyer - Тој е еден од најуспешните и најпопуларни германски музичари. Во 30 годишната кариера неговите албуми постојано успеваа да се пласираат на првото место на германската листа на најслушани албуми. Иако живее во Англија, сепак му остана верен на германскиот јазик во неговите песни. Рокмузичарот во последните два албума вниманието го сврти кон помирните тонови.

Culcha Candela

Culcha Candela

8. "Monsta" Culcha Candela - седумчлениот берлински бенд по хитот "Hamma" пред две години ужива голема популарност во Германија. Групата постои веќе седум годни и во нивните песни се испреплетени приказни за кул момци, супер девојки, но и за социјалните проблеми на мигрантите. Синглот "Monsta“ е од последниот албум "Schöne neue Welt“.

9. "Russian Roulette" Rihanna

10. "Whatcha Say" Jason Derulo

Автор: АТ/einslive