1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Германски топ десет

Ова е распоредот на десетте најпродавани синглови во Германија за оваа недела:

default

„Машината за хитови“ повторно на врвот

1. Lady GaGa - Bad Romance

Lady GaGa повторно успева да го освои врвот во Германија со новиот сингл, Bad Romance. И додека на листите и` оди одлично, се чини дека бројните настапи си го земаат данокот по здравјето на пејачката. Таа минатиот петок се пожалила на истоштеност, по што беа откажани сите термини за наредните денови, меѓу кои беше и една геј-манифестација, на која Lady GaGa требаше да се појави во улога на водител.

2. Keri Hilson - I Like

3. Aura Dione - I Will Love You Monday (365)

4. The Black Eyed Peas - Meet Me Halfway

Flash-Galerie Musik USA Black Eyed Peas

Се` за љубов: Fergie е подготвена да ги симне вишокот килограми што ги качи за потребите на филмот „Nine“

Освен успешната музичка кариера, Fergie, единствената дама во четиричлениот состав, се обидува и на големото платно. Кон крајот на месецов ќе биде промовиран новиот мјузикл Nine, во кој настапува и Fergie, а за потребата на улогата, таа се здебелила цели десет килограми. „Сега е време да се ставам на сериозна диета, зошто во спротивно стравувам дека мојот сопруг ќе ме изневери со слаби девојки“, истакна Fergie за еден американски магазин. А ова е повеќе од добар мотив да се „скинат“ вишокот килограми.

5. Rihanna - Russian Roulette

6. Culcha Candela - Monsta

7. Gossip - Heavy Cross

The Gossip

Јубилејна 30 недела меѓу најпродаваните во Германија - Gossip

Gossip веќе триесетта недела по ред се меѓу најпродаваните десет синглови во Германија со успешниот Heavy Cross. Бендот официјално го издаде и вториот сингл од албумот Music For Men, со наслов Love Long Distance.

8. Timbaland feat. Nelly Furtado & SoShy - Morning After Dark

9. OneRepublic - Secrets

OneRepublic се оформени во 2004 година, а веќе следната година имаа догоговр за снимање албум. Во 2006 почнаа да ја градат светската кариера и тоа претжно преку интернет-порталот Myspace. Оттогаш песните на OneRepublic на MySpace се слушнати повеќе од 22 милиони пати. Дефинитивниот пресврт во нивната кариера се случи во 2007 година, со синглот Apologize.

10. Ich + Ich - Pflaster

Adel Tawil, Sänger der deutschen Band Ich und Ich

Adel Tawil - едната половина од Ich+Ich

Anette Humpe и Adel Tawil, членовите на составот Ich+Ich, првпат се сретнале во едно тонско студио, каде Tawil имал задача да отпее неколку песни, чии текстови ги напишала Anette. Откако таа го слушнала гласот на Tawil, кој тогаш бил член на групата The Boyz, веднаш стапила во контакт со него. Така од нивната соработка произлезе првиот албум, кој беше издаден во април и го носеше името на бендот.

Извор: Меdia control GfK