1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Германски топ десет

Распоредот на десетте најпродавани синглови во Германија неделава изгледа вака:

default

Keri Hilson неделава се враќа на врвот

1. Keri Hilson - I Like

Пред издавањето на деби-албумот In A Perfect World на почетокот на 2009 година, Keri пишуваше музика за големите музички ѕвезди како Ciara, Mary J. Blige и Britney Spears. На почетокот од оваа година го реиздаде деби-албумот, на кој го додаде и синглот I Like, на кој соработува со германските продуценти David Jost и Robin Grubert.

2. Aura Dione - I Will Love You Monday (365)

Flash-Galerie Musik Sängerin Aura Dione

Aura Dione од Данска, со дански, француски и шпански корени

3. Lady GaGa - Bad Romance

Пејачката позната по своите контроверзни настапи и костуми, неодамна изјави дека би сакала да сними дует со британската пејачка Susane Boyle. „Нашите стилови се поинакви. Не знам дали би можеле да работиме заедно, но никогаш не вели никогаш. Би било прекрасно да работите со некој кој има таков талент“, смета Lady Gaga, која неделава се најде на третото место во Германија.

4. Black Eyed Peas - Meet Me Halfway

5. Rihanna - Russian Roulette

Oсвен новиот албум, Rater R, Rihanna има уште нешто ново - ново момче. Последните фотографии од Rihanna направени во Мексико, на кои е заедно со бејзбол играчот Matt Kamp, дополнително ги разгореа шпекулациите дека пејачката и спортистот се повеќе од пријатели. Шпекулациите дека двајцата се во врска започнаа откако Kamp одлучи да ја придружува Rihanna во Дубаи, каде пејачката настапи за Нова Година.

Rihanna Performance bei Good Morning America Flash-Galerie

Rihanna при настапот на Good Morning America

6. Culcha Candela - Monsta

Culcha Candela зад себе имаат четири студиски остварувања, од кои последното, Schöne neue Welt беше издадено кон крајот на август минатата година.

7. Gossip - Heavy Cross

8. Timbaland feat. Nelly Furtado & SoShy - Morning After Dark

9. Ich + Ich - Pflaster

Duo Ich und Ich Flash-Galerie

Дуото Ich+Ich со Pflaster првпат го освоија врвот во Германија

Gute Reise се вика нивниот нов студиски албум, кој се појавува две години по нивното последно остварување, плочата Vom selben Stern. Ich+Ich велат дека веднаш по издавањето на претходниот албум, почнале да ги пишуваат песните за новиот. А дека целиот труд не им бил попусто, покажува и фактот што Pflaster неколку недели го држеше и самиот врв во Германија.

10. OneRepublic - Secrets

Ryan Tedder се вика фронтменот на OneRepublic, бенд кој доаѓа од Велика Британија и кој во ноември го издаде вториот албум, на кој се претставуваат со поостар звук, отколку она што го слушнавме на успешниот деби-сингл Apologize. Новиот материјал ќе биде претставен и во Германија и тоа на два концерти, на 14 јануари во Берлин и на 15 јануари во Келн.

Автор: Трајче Тосев

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска