1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Германски топ десет

Ова е распоредот на десетте најпродавани синглови во Германија за оваа недела.

default

Black Eyed Peas овонеделните шампиони на Германскиот топ 10

1. The Black Eyed Peas - Meet Me Halfway

The Black Eyed Peas најавуваат дека цела 2010 година ќе ја поминат на турнеја, а пејачката Fergie за весникот „Космополитен“ изјави дека едвај чека турнејата да помине, за да може да им се посвети на домашните обврски и раѓањето дете. Таа е во брак со актерот Josh Duhamel, познат по улогата во филмовите Transformers.

2. Aura Dione - I Will Love You Monday

3. Lady GaGa - Bad Romance

Lady Gaga Flash-Galerie

Со новиот сингл влегува како новитет директно на 3 позиција

Во текот на минатата недела, Lady GaGA настапи пред британската кралица, а пред настапот имаше можност дури и да се поздрави со неа. Сепак, организаторите ја предупредиле пејачката дека овојпат мора да биде пристојна и да не и` паѓа на памет да ја изведе сцената со самоубиството, што беше дел од настапот на доделувањето на музичките награди на MTV. Lady GaGa се придржуваше до прописите, нагласувајќи дека е „голем обожавател на британската кралица“.

4. Ich+Ich - Pflaster

Бендот со еден од најуспешните германски поп-албуми во последниве години оваа пролет се подготвува за голема турнеја, што ќе опфати градови во Германија и Австрија. На концертите фановите ќе можат да ги слушнат најголемите хитови на бендот од претходните албуми, како на пример Stark или So soll es bleiben, но се разбира ќе можат во живо да се доживеат и сингловите од новиот албум, Gute Reise.

5. Rihanna - Russian Roulette

6. Timbaland feat. Nelly Furtado & SoShy - Morning After Dark

На 4 овој месец продуцентот Timbaland го издаде новиот албум Shock Value II, на кој повторно на едно место ги собра најпопуларните ѕвезди во моментов, како на пример Justin Timberlake, Katy Perry, Miley Cyrus, The Fray, пејачот од Nickelback, Chad Kroeger и бендот OneRepublic. Во првиот сингл од албумот, Morning After Dark, соработува со Nelly Furtado и SoShy.

The Gossip

И по 25 недели на листата, се` уште меѓу најдобрите десет - Gossip

7. Culcha Candela - Monsta

Се работи за поп/денсхол состав од Берлин, формиран во 2001 година. Членовите на бендот се од различно потекло, па на нивните албуми можат да се слушнат текстови на англиски, германски и шпански, а оваа година го издадоа албумот Schöne neue Welt.

8. OneRepublic - Secrets

9. Gossip - Heavy Cross

10. Robbie Williams - Bodies

Robbie Williams по три годишна музичка пауза се врати на музичкaта сцена со нов албум, но и нова девојка, Ayda Field. Иако тие двајцата се` уште не се верени, во една емисија на австралијанското радио, Robie и` ја побара раката на Ayda, на што таа веднаш одговори со „да“. Сепак, портпаролот на пејачот непосредно по емисијата соопшти дека се работело за шега, а и самиот Robbie Williams го потврди ова на својот интернет-блог.

Извор: Мedia control GfK