1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Германски топ десет

Ова е распоредот на десетте најпродавани синглови во Германија за оваа недела:

default

Rihanna негира дека нејзиниот нов сингл поттикнува на самоубиства

1. Ich+Ich - Pflaster

На врвот оваа недела безпромени - од третиот студиски албум насловен Gute Reise, шампиони и за оваа недела се Ich+Ich со синглот Pflaster.

2. The Black Eyed Peas - Meet Me Halfway

Од актуелниот албум The E.N.D. ова е новиот хит за Black Eyed Peas, a бендот неодамна најави дека по тригодишна пауза, следната година ќе тргнат на светска турнеја, која ќе опфаќа стотина концерти само во САД. Дополнителни настапи се планирани за останатите европски градови.

3. Culcha Candela - Monsta

Band Culcha Candela beim Roskilde Festival 2008 freies Bildformat

Culcha Candela неделава го имаат еден од најголемите хитови во Германија

4. Rihanna - Russian Roulette

Rihanna неодамна ги отфрли критиките на сметка на нејзиниот нов сингл, со кој наводно ги поттикнувала луѓето на самоубиство. Воопшто не се работи за тоа, вели Rihanna, текстот е поетски, а ако некој не знае да ја толкува поезијата - не сум јас виновна. Генерално текстовите на нејзиниот нов албум Rater R се подлабоки и посуштински, што е поврзано со процесот на личниот развој и зреењето.

5. Robbie Williams - Bodies

6. Gossip - Heavy Cross

7. OneRepublic - Secrets

По големиот успех што го постигнаа благодарение на синглот Apologize и првиот албум, Dreaming Out Loud, ОneRepublic на 17 минатиот месец го издадоа и вториот студиски албум со наслов Waking Up. Ова е веќе вториот сингл од плочата, а во Германија неделава се пласира на седмото место.

OneRepublic Flash-Galerie

ОneRepublic се враќаат со нов албум, Waking Up

8. Alicia Keys - Doesn't Mean Anything

Кариерата ја почна во 2001 година со хитот Falling, а осум години подоцна е една од најценетите ар-ен-би изведувачи. Веќе 28-годишната пејачка неодамна изјави дека дефинитивно планира да основа фамилија, но дека засега се` уште не е подготвена за тој чекор. Alicia Keys обично го држи приватниот живот далеку од очите на јавноста, но се претпоставува дека е во врска со раперот Swizz Beatz.

9. Xavier Naidoo - Alles kann besser werden

10. Aura Dione - I Will Love You Monday (365)

Aura Dione доаѓа од Данска, а копнеела по професионална музичка кариера уште од тинејџерските години и соработувала со неколку музички компании. Пресвртот сепак се случува во јануари минатата година, кога го издаде деби албумот Columbine, кој ги освои првите места на топ-листите во скандинавските земји.

Т.Т.