1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Германски топ десет

Најпродавани хитови во Германија неделава!

default

Robbie Williams

1. Robbie Williams "Bodies" - Британецот Robbie Williams неделава се врати на врвот на топ листата во Германија.

2. Ich+Ich "Pflaster" - Германското дуо Ich+Ich не успеа да ја задржи првата позиција од минатата недела.

MTV European Awards 2009 in Berlin

Leona Lewis

3. Leona Lewis "Happy" - На трето место оваа недела новитет - британската пејачка Leona Lewis со синглот "Happy" од последниот албум Echo.

4. Gossip "Heavy Cross"- Тричлениот американски бенд мината недела во Келн го одржа првиот од концертите во Германија во рамките на европската турнеја. Бендот веќе десет години е на музичката сцена, а од пред една година успешен и во светски рамки. Но, тоа има своја цена, како што во интервју за германското младинско радио EinsLive рече пејачката Бет Дито. Таа се пожали дека неможе да го напушти хотелот и да отиде во МекДоналдс. Kога во Лондон влегла во ресторан да јаде, тоа било необично искуство и се чувствувале како осудена.

The Gossip

Beth Ditto - The Gossip

5. OneRepublic "Secrets"

6. Lady GaGa "Paparazzi"

7. Black Eyed Peas "I gotta feeling"

8. D. Guetta, Akon "Sexy Bitch"

9. Queensberry "Hello" -Четирите девојки победнички на шоуто музички талент на германската телевиизја Prо7 мината година ја формираа група Queensberry и уште во декември 2008 го објавија првиот албум Volum I. Неполна година подоцна, на почетокот на месецов, бендот го објави и вториот албум.

BdT Xavier Naidoo auf dem Ball des Sports

Xavier Naidoo

10. Xavier Naidoo "Alles kann besser werden" - На десето место, пад за две места од мината недела се пласираше синглот Alles kann besser werden на Xavier Naidoo, еден од најуспешните германски поп ѕвезди, со редица музички награди во својата биогравија од Еcho па се’ до MTV Europe Music Awards.

Автор: АТ/дв