1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Германски топ десет

Најпродаваните хитови во Германија неделава!

default

Ich+Ich

1. Ich+Ich "Pflaster" Не само поради големата старосна разлика, Анте Хумпе и Адел Тавил се необично дуо и поради нивните различни вкусови за музиката. Пејачката и продуцентка, Анете Хумпе ги сака шансоните, Адел Тавил пак соул музиката. Во 2005 година дуото Ich+Ich го објави првиот заеднички албум и постигна успех, со продадени 200 илјади албуми. Нивниот втор албум ја надмина границата од еден милион. На топ листата повторно се најдоa со синглот "Pflaster" од нивниот трет албум.

2. Robbie Williams "Bodies"

3. OneRepublic "Secrets" Во 2004 година формираниот алтернативен рок бенд OneRepublic во меѓувреме се смета за една од најуспешните нови групи на музичката сцена во светот. Петчлениот состав за успехот му благодари во прва линија на хип хоп музичарот Timbaland. Неговата музичка издавачка куќа Mosley Music Group во 2007 година го објави ремиксот на песната "Apologize" на OneRepublic, по што бендот стана познат во светот. Само во Германија синглот девет недели по ред беше на првото место на топ листата. Песните кои следеа не го постигнаа овој успех. Со нивното најново остварување "Secrets" неделава, како новитет се пласираа на третото место.

OneRepublic Flash-Galerie

Brent Kutzle, Eddie Fisher, Ryan Tedder and Zach Filkins од OneRepublic

4. D. Guetta, Akon "Sexy Bitch"

5. Gossip "Heavy Cross"

6. Lady GaGa "Paparazzi" Lady GaGa со музика се занимава од детсвoто, а од 14 годишна возраст настапува во клубовите во Њујорк. Пред да застане на светската бина, Lady GaGa пишуваше песни меѓу другите и за Pussicat Dolls. Мината година со нејзиниот деби сингл Just Dance ги освои музичките листи ширум светот и стигна до првото место на англиската и американската топ листа.

Queensberry

Queensberry

7. Queensberry "Hello" Четиричлената германска женска група Queensberry е формирана по шоуто за таленти што го емитуваше германската телевизија Pro 7 мината година.

8. Xavier Naidoo "Alles kann besser werden" Xavier Naidoo, соул и R&B пејачот повеќе од десет години покрај настапите со неговиот бенд Söhne Mannheims гради и соло кариерa. Неговите песни ги освојуваат топ листите во Германија, Австрија и Швајцарија.

9. Marit Larsen "If A Song Could Get Me You"

10. Sido "Hey Du"

Автор: АТ/дв

Поврзана содржина