1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Германски топ десет

Ова се најпродаваните десет синглови за оваа недела во Германија:

default

Robbie Williams

1. Robbie Williams - Bodies

Чекањето заврши - Robbie Williams е повторно тука. По тригодишна креативна тишина, на 9 ноември ќе се појави осмиот студиски албум на Британецот, кој го носи налсовот Reality Killed the Video Star. Сакам луѓето да ме препознаваат по овој албум, кога ќе им текне на Robbie Williams, веднаш да помислат на албумот, вели пејачот пред издавањето на новиот материјал. Синглот Bodies е само најава за она што можеме да го очекуваме, а неделава како новитет го освојува врвот во Германија.

2. Lady Gaga - Paparazzi

3. David Guetta feat. Akon - Sexy Chick

4. Marit Larsen

Marit Larsen ја почна музичката кариера уште на 13 години, кога со еден свој пријател го основаа бендот М2М. По неколку години проектот пропадна и Марит Ларсен се повлече од јавноста, посветувајќи му се на пишувањето песни. Откако собра доволно материјал, следниот чекор веќе беше јасен - издавање на првиот соло албум, Under The Surface во 2006 година. На Германскиот топ десет неделава се пласира на четвртата позиција со синглот If A Song Could Get Me You од истоимениот трет студиски албум.

5. Rammstein - Pussy

6.Gossip - Heavy Cross

7. Agnes - Release Me

Agnes Carlsson

Agnes Carlsson

Release Me e воедно и првиот сингл со кој Agnes се пробива и на американската сцена, а тоа и појде од рака, неделава се искачи на првото место на билбордовата денс листа, која ги рангира највртените синглови во клубовите и дискотеките. Таа доаѓа од Шведска и се прослави благодарение на победата во шведската верзија на Поп Идол.

8. Shakira - She Wolf

Пред неколку дена Shakira допатува во Германија за да му биде специјален гостин на водителот Oliver Pocher во неговото ново шоу. Shakira, како верен католик, пред емисијата беше категорична: за секс и религија нема да зборувам. Сепак, на крајот не си го додржа зборот сосема, а целото гостување заврши со секси настап во живо.

9. The Black Eyed Peas-I Gotta Feeling

10. Scooter - Ti Sento

Еден од најпопуларните бендови во Германија, Scooter, формирани се во 1993 година и досега имаат продадено преку 30 милиони албуми ширум светот. Имаат издадено 14 студиски албуми, а во моментов се актуелни со студиското остварување Under the Radar over the Top.

Автор: Трајче Тосев

Редактор: Жана Ацеска