1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Германски топ десет

Најновиот распоред на десетте најпродавани синглови во Германија изгледа вака:

default

Фронтменот на Tokio Hotel, Bill Kaulitz

1. Rammstein - Pussy

Синглот Pussy го означи крајот на четиригодишната студиска пауза на германскиот состав Rammstein. Со огромно ниво на тестостерон во крвта, Rammstein во новото издание сакаат да претстават што е она што човекот понекогаш знае да го претвори во животно.

2. David Guetta feat. Akon - Sexy Chick

3. Marit Larsen - If A Song Could Get Me You

4. Lady GaGa - Paparazzi

Sängerin Lady Gaga

Lady Gaga - „Ѕвезда во подем“ за 2009 година

И покрај тоа што повеќе од една година владее на топ листите и веќе важи за мега-ѕвезда, на Lady Gaga неодамна ја доби наградата "Ѕвезда во подем". Титулата ја доделува магазинот "Билборд", на музичката манифестација "Жени во музиката". Првиот албум на Lady Gaga со наслов Fame се продаде во повеќе од милион примероци откога излезе во продажба минатата година, а имаше и два хита на самиот врв.

5. Tokio Hotel - Automatisch

При работата на новиот материјал, идејата на Tokio Hotel била да направат албум инспириран од научната фантастика, со безвременски песни, наменети за целиот свет. Првиот сингл, Automatisch, e сосема нова фаза во успешната приказна на еден од најпопуларните германски бендови.

6. Shakira - She Wolf

Новиот сингл на Shakira, насловен She Wolf, истовремено треба да биде и најава за нејзинот нов, трет по ред студиски албум на англиски јазик и шести во кариерата.

7. Gossip - Heavy Cross

8. Madonna - Celebration

Madonna in Sofia 2009

Madonna на концертот во Софија во август оваа година

И по 25 години на самиот, светот се` уште не се заситил од неа - синглот Celebration е еден од двата нови што се појавија на двојната компилација со нејзините најголеми хитови.

9. The Black Eyed Peas - I Gotta Feeling

10. David Guetta feat. Kelly Rowland - When Love Takes Over

When Love Takes Over беше само најава за четвртиот студиски албум на францускиот диџеј и продуцент, David Guetta, на кој соработува со различни имиња, како WILL.I.AM, Estelle и Akon. Инаку, патниците на шпанската авиокомпанија Вуелинг летово беа изненадени кога на десет илјади метри височина, David Guetta настапи со диџеј сет и го претвори авионот во подвижен подиум.