1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Германски топ десет

Распоредот на десетте најпродавани синглови во Германија за оваа недела изгледа вака:

default

Највисоко пласиран новитет за оваа недела - Lady Gaga

1. Marit Larsen - If A Song Could Get Me You

Во Германија стана позната благодарение на една продавница за чевли, што ја искористи нејзината песна за телевизиска реклама. На прашањето дали и нејзиниот хит ќе биде само „чудо за три дена“, Marit Larsen вели дека е среќна што воопшто успеала да го освои првото место на листите и дека во иднина секако ќе продолжи со пишување музика, па макар тоа да било само за своја душа.

Norwegen Sängerin Marit Larsen in Oslo

Marit Larsen и натаму најпродавана во Германија

2. David Guetta ft. Akon - Sexy Chick

3. Lady Gaga -Paparazzi

Неодамна на интернет се појави снимка од еден настап на Lady Gaga во бар во Њујорк пред три години. Освен гласот, навистина не може да се направи паралела меѓу она што е Lady Gaga денес и она што била порано. Тогаш била бринета, а главната причина да ја промени бојата на косата било тоа што со црна коса многу потсетувала на Amy Winehouse.

4. Shakira - She Wolf

5. Gossip - Heavy Cross

CD-Cover Shakira She Wolf

Поп-ѕвезда како пејачката на Gossip, Beth Ditto, досега немало: таа е дебела, лезбејка и смета музиката на нејзиниот бенд не е најпогодна за радио. Тоа не беше никаква пречка за синглот Heavy Cross неделава се` уште да биде меѓу најпродаваните пет во Германија.

6. The Black Eyed Peas - I Gotta Feeling

7. Madonna - Celebration

Celebration се вика новиот сингл и двојна компилација со најголемите хитови на кралицата на поп-музиката, а кога е кралица, тогаш може барем да одлучи кој ќе се појави во нејзините видео-спотови. Во најновиот спот на Madonna можеме да го видиме нејзиното момче, 25 години помладиот Hesus Luz, но и ќерката Lurdes, која изненадува со нејзините танчерски способности.

8. Cassandra Steen feat. Adel Tawil - Stadt

9. David Guetta feat. Kelly Rowland - When Love Takes Over

Celebration von Madonna

Madonna ги собра најголемите хитови на двојната компилација Celebration

Иако во последно време навикнавме на соло успесите на поранешните членки на Destiny's Child, се` повеќе зачестуваат шпекулациите за нивно реоформување во 2010 година. Една од членките, Michelle Williams, неодамна за магазинот News Of The World изјавила дека според договорот со издавачката куќа, Destiny's Child се обврзани да снимат уште еден албум. Засега ниту Beyonce ниту Kelly не ја демантирале оваа вест, што значи дека наредната година можно е да очекуваме уште еден камбек на најуспешната женска R&B тројка.

10. Frauenarzt & Manny Marc - Das Geht Ab

Во предизборната недела во Германија, Frauenarzt & Manny Marc се најдоа во непријатна ситуација. Имено, непознати лица го преработиле нивниот хит Das Geht Ab и во него вметнале политички текст, насочен кон противниците на Франк Валтер Штајнмаер, пред се`, против канцеларката Ангела Меркел. Издавачката куќа на Frauenarzt & Manny Marc, Contor Records, негира дека има било каква врска со оваа верзија на песната, која на интернет веќе има преку 65.000 кликови.