1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Германски топ десет

Ова е распоредот на десетте најпродавани синглови за оваа недела.

default

Celebration - Madonna ги собра нејзините најголеми хитови на двојна компилација

1. Marit Larsen - If A Song Could Get Me You

На првото место се` уште без промени. Четири недели по ред врвот го држи Норвежанката Marti Larsen, која во нејзината земја веќе важи за голема ѕвезда. Во Германија стана позната благодарение на една продавница за чевли, што ја искористи нејзината песна за телевизиска реклама.

2. Shakira - She Wolf

Shakira bei Rock in Rio in Madrid

Shakira повторно ги освојува топ листите

На неодамнешното доделување на MTV Video Music Awards, Shakira го доживеа најголемиот кошмар што може да се доживее на црвениот тепих - таа и нејзината колешка Pink се појавија во, не слични, туку идентични фустани. Ако ништо друго, можеа да заклучат дека имаат сличен вкус за модните трендови.

3. David Guetta ft. Akon - Sexy Chick

4. Gossip - Heavy Cross

5. Madonna - Celebration

Celebration e воедно и насловот на двојната компилација со најголемите хитови на поп-кралицата. Со ова Madonna сака да ја заокружи соработката со издавачката компанија Warner, за која издава уште од почетокот на кариерата. Од следната година, Madonna преминува под друга етикета.

6. David Guetta feat. Kelly Rowland - When Love Takes Over

7. The Black Eyed Peas - I Gotta Feeling

Indian Premier League Finale Auftritt Akon

Американскиот рапер Akon е уште една од ѕвездите на новиот албум на DJ David Guetta

Летово ги кршат рекордите насекаде во светот, но не секаде се добредојдени - владата на Малезија им забрани на муслиманите во оваа земја да го посетат концертот на Black Eyed Peas, закажан за крајот на месецов. Главна причина за ваквата постапка на малезиските власти е тоа што главен спонзор на концертот на американскиот бенд е производител на пиво - што се коси со муслиманските правила. Концертот е, сепак, дозволен за немуслиманите во земјата.

8. Cassandra Steen feat. Adel Tawil - Stadt

Cassandra Steen наредната среда тргнува на турнеја низ Германија, во чии рамки ќе настапи во десет градови. Нејзината прва станица е токму Бон, каде ќе го претстави нејзиниот нов албум, Darum Leben Wir. Синглот Stadt, на кој силите ги здружи со Adel Tawil, неделава падна на осмата позиција.

9. Frauenarzt & Manny Marc - Das Geht Ab

10. Emiliana Torrini - Jungle Drum