1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Германски топ десет

Ова е распоредот на десетте најпродавани синглови во Германија за оваа недела!

default

Францускиот диџеј и продуцент David Guetta и оваа недела најблиску до врвот

1. Marit Larsen - If A Song Could Get Me You

Нејзината музика во Германија стана популарна благодарение на една телевизиска реклама за продавница за чевли. Така Норвежанката Marit Larsen почна да ги освојува срцата во Германија и веќе четири недели е на самиот врв на листата најпродавани синглови.

2. David Guetta ft. Akon - Sexy Chick

David Guetta ја почнал диџејската кариера на 17 годишна возраст, кога најмногу бил под влијание на хип-хоп музиката. Подоцна го менува музичкиот правец, а пошироката публика првпат слушна за него во 2005 година, благодарение на синглот The World Is Mine.

Cassandra Steen und Adel Tawil VIVA Comet 2009

Cassandra Steen месецов ја почнува турнејата низ Германија

3. Gossip - Heavy Cross

4. David Guetta ft. Kelly Rowland - When Love Takes Over

5. Cassandra Steen ft. Adel Tawil - Stadt

На нејзиниот нов соло-албум Darum leben Wir односно „Затоа живееме“, Cassandra Steen се претставува како меланхоличен, помалку филозофски изведувач. Нејзините фанови можат овој месец да ја видат и слушнат во живо, во текот на турнејата низ Германија.

6. Black Eyed Peas - I Gotta Feeling

7. Emiliana Torrini - Jungle Drum

Малкумина знаат дека токму оваа пејачка, композитор, текстописец и продуцент стои зад огромниот хит на австралиската супер ѕвезда Kylie Minogue, Slow, од 2003 година. Летово постигна огромен успех во Германија, веќе 15 недели е на Германскиот топ десет со Jungle Drum.

8. Fraeunarzt & Manny Marc - Das geht ab

9. Nelly Furtado - Manos Al Aire

Nelly Furtado

Nelly Furtado е среќна што на новиот албум пее на шпански јазик

Минатиот петок (11.09.2009) во продажба беше пуштен новиот албум на Nelly Furtado. Насловен е Mi Plan и првпат сите песни на него се испеани на шпански jазик. Во песните се зборува најмногу за љубовта, тоа е универзална тема што секој може да ја разбере, вели Nelly Furtado за материјалот што се наоѓа на нејзиното четврто студиско остварување.

10. Beyonce - Sweet Dreams

Преку 87 милиони долари - ова е сумата што Beyonce ја заработила во периодот меѓу 2008 и 2009 година, што беше доволно за американскиот економски магазин „Форбс“ неодамна да ја вброи меѓу стоте највлијателни и најмноќни жени во светот. Неделава Beyonce и понатаму се вбројува меѓу најпродаваните десет во Германија.