1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Германски топ десет

Ова се најпродаваните десет синглови за оваа недела во Германија!

default

Marit Larsen неделава ја задржува шампионската позиција

1. Marit Larsen - If A Song Could Get Me You

Норвежанката Marit Larsen неделава ја одбрани шампионската позиција. If A Song Could Get Me You останува најпродаван сингл во музичките продавници и најмногу даунлодиран од интернет.

2. David Guetta ft. Kelly Rowland - When Love Takes Over

Combo DJ David Guetta und Kelly Rowland

David Guetta и Kelly Rowland првпат стигнуваат толку високо на листата во Германија

3. Cassandra Steen ft. Adel Tawil - Stadt

На нејзиниот нов соло-албум Darum leben Wir односно „Затоа живееме“, Cassandra Steen се претставува како меланхоличен, помалку филозофски изведувач. Нејзините фанови можат да ја видат и во живо во текот на септември, во текот на турнејата низ Германија.

4. Gossip - Heavy Cross

5. Emiliana Torrini - Jungle Drum

Малкумина знаат дека токму оваа пејачка, композитор, текстописец и продуцент стои зад огромниот хит на австралијанската супер ѕвезда Kylie Minogue, Slow, од 2003 година. Летово постигна огромен успех во Германија, веќе 14 недели е на Германскиот топ десет со Jungle Drum.

6. The Black Eyed Peas - I Gotta Feeling

7. Nelly Furtado - Manos Al Aire

Nelly Furtado

Новиот албум на Nelly Furtado излегува во продажба неделава

Во текот на оваа недела, односно на 11 септември излегува новиот албум на Nelly Furtado, насловен е Mi Plan и првпат сите песни на него се испеани на шпански jазик. Во песните се зборува најмногу за љубовта, тоа е универзална тема што секој може да ја разбере, вели Nelly Furtado за материјалот што ќе се најде на нејзиното четврто студиско остварување.

8. Frauenarzt & Manny Marc - Das Geht Ab

9. Davit Guetta ft. Akon - Sexy Bitch

David Guetta ја почнал диџејската кариера на 17 годишна возраст, кога најмногу бил под влијание на хип-хоп музиката. Подоцна го менува музичкиот правец, а пошироката публика првпат слушна за него во 2005 година, благодарение на синглот The World Is Mine. Во моментов е актуелен со новиот албум, One Love.

10. Beyonce - Sweet Dreams

Преку 87 милиони долари - ова е сумата што Beyonce ја заработила во периодот меѓу 2008 и 2009 година, што беше доволно за американскиот економски магазин „Форбс“ да ја вброи меѓу стоте највлијателни и најмноќни жени во светот. Неделава и понатаму се вбројува меѓу најпродаваните десет во Германија.