1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Германски топ десет

Ова е распоредот на десетте најпродавани синглови неделава во Германија.

default

Beyonce ги отвора десетте најпродавани синглови за оваа недела

1. Marit Larsen - If A Song Could Get Me You

Има 25 години, а во нејзината татковина Норвешка веќе важи за супер-ѕвезда. Минатата недела го забележа најголемиот скок на Германскиот топ десет, кога се искачи за цели тринаесет позиции до местото број три. Кариерата ја почнува уште во 1998 година во тинејџерското дуо М2М, а првиот соло-албум, Under The Surface го издаде во 2006 година. Темата If A Song Could Get Me You е преземена од истоимениот, трет студиски албум.´

2. Emiliana Torrini - Jungle Drum

3. Cassandra Steen ft.Adel Tawil - Stadt

Nelly Furtado

„Пеењето на шпански е ослободување“ - Nelly Furtado

4. David Guetta ft. Kelly Rowland - When Love Takes Over

5. Nelly Furtado - Manos Al Aire

И оваа супер-ѕвезда се очекува наскоро во Германија, овојпат во Фрајбург, каде Nelly Furtado треба да настапи на едно од најпопуларните телевизиски шоуа, што се прикажува на вториот државен канал. За истата вечер најавено е и гостувањето на Whitney Houston, чиј кам-бек албум беше издаден минатата недела.

6. The Black Eyed Peas - I Gotta Feeling

7. Gossip - Heavy Cross

Германските фанови на американското пост-панк трио Gossip можат да се радуваат на најавените четири концерти на бендот, што треба да се одржат меѓу 18 и 26 ноември. Пејачката Бет Дито и останатите членови од бендот ќе се појават во Келн, Офенбах, Минхен и секако, Берлин.

8. Cascada - Evacuate The Dancefloor

Cascada European Border Breakers Awards 2008

Cascada - попопуларни во Велика Британија, отколку дома во Германија

Cascada неделава се спуштаат за една позиција до осмата, а интересно е што синглот Evacuate The Dancefloor се најде на првата позиција во Велика Британија токму во неделата кога почина Michael Jackson и кога на многу листи ширум светот врвните позиции повторно ги заземаа неговите хитови.

9. Frauenarzt & Manny Marc - Das Geht Ab

10. Beyonce - Sweet Dreams