1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Германски топ десет

Ова е распоредот на десетте најпродавани синглови за оваа недела во Германија.

default

„Ослободена“ што пее на шпански - Nelly Furtado

1. Emiliana Torrini - Jungle Drum

На шампионската позиција и натаму без промени - Emiliana Torrini, чии германски обожаватели минатиот петок имаа можност да ја видат во живо во Келн, каде настапи на фестивалот Т he Dome.

2. Cassandra Steen ft. Adel Tawil - Stadt

Cassandra Steen und Adel Tawil VIVA Comet 2009

Cassandra Steen и Adel Tawil неделава повторно се враќаат на втората позиција

3. If A Song Could Get Me You - Marit Larsen

Marit Larsen од Норвешка кариерата ја почнува уште во 1998 година во тинејџерското дуо М2М, а првиот соло-албум, Under The Surface го издаде во 2006 година. Темата If A Song Could Get Me You е преземена од нејзиното второ студиско остварување, албумот The Chase, кој во Норвешка беше издаден минатиот октомври.

4. David Guetta ft. Kelly Rowland - When Love Takes Over

5. Nelly Furtado - Manos Al Aire

Mi Plan е новиот албум на пејачката со португалски корени, кој е целосно испеан на шпански. Nelly Furtado вели дека на него првпат можат да се слушнат вистински љубовни песни, кои не се ни премногу комплицирани, ниту премногу интелектуални. Таа го опишува пеењето на шпански како „ослободување“ и како шанса да го искаже својот латино-темперамент.

6. The Black Eyed Peas - I Gotta Feeling

Black Eyed Peas

Black Eyed Peas летово ги срушија сите рекорди

Табу, Еден од членовите на Black Eyed Peas ова лето има повеќе поводи за славење - освен тоа што бендот ги урна сите рекорди на американските листи, Табу стана татко и тоа по втор пат. Вториот син на музичарот го доби името Јален.

7. Cascada - Evacuate The Dancefloor

8. Gossip - Heavy Cross

Music For Men е четвртото студиско остварување на американскиот состав Gossip, кое беше примерно пуштено во продажба на 19 јуни и тоа во Холандија. Синглот Heavy Cross засега најдобар пласман обезбеди на листата во Швајцарија, каде неделава се најде на третата позиција.

9. Frauenarzt & Manny Marc - Das Geht Ab

Освен успехот во Германија, Das Geht Ab летово стана вистински хит на шпанското летувалиште, островот Мајорка. Затоа раперот Frauenarzt и Manny Marc секоја недела гостуваат во клубовите на островот.

10. Pitbull - I Know You Want Me