1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Германски топ десет

Распоредот на најпродаваните десет синглови за оваа недела изгледа вака:

default

Пејачот од Хамбург кој неделава го држи шестото место во Германија, Јан Делеј

1. Emiliana Torrini - Jungle Drum

Шампионската позиција и понатаму во сопственост на Емилијана Торини. Малку е познато дека токму оваа пејачка, композитор и продуцент стои зад големиот хит на Кајли Миног Slow од 2003 година, но ова лето дефинитивно може целиот успех да си го препише себеси и на синглот Jungle Drum.

2. Cassandra Steen ft. Adel Tawil - Stadt

3. David Guetta ft. Kelly Rowland - When Love Takes Over

Со оглед на популарноста што ја постигна синглот, мала е веројатноста дека Давид Гета и Кели Роуланд наскоро ќе ги видиме на некоја од подолните позиции на Германскиот топ десет. И неделава убедливо ја држат солидната трета позиција.

4. The Black Eyed Peas - I Gotta Feeling

5. Cascada - Evacuate The Dancefloor

Cascada European Border Breakers Awards 2008

Составот Cascada е формиран во Бон во 2002 година

Интересно е тоа што пејачката Натали Хорлер и продуцентите Јан Пајфер и Мануел Ројтер го формирале составот Cascada во 2002 година токму во Бон, каде се наоѓаат и нашите студија. Инаку „каскада“ на шпански значи водопад, но бендот немал некоја посебна причина за изборот на ова име.

6. Jan Delay - Evacuate The Dancefloor

Темата можеби ви е позната од новата реклама за Сони Ериксон, Oh Jonny на германскиот пејач, композитор и продуцент Јан Делеј, чија музика е најмногу заснована на хип-хоп, реге, даб и фанк звуци.

7. The Gossip - Heavy Cross

Пејачката на Gossip, Бет Дито, вели дека во песната се зборува за значењето на пријателите во животот - Heavy Cross од албумот Music For Men неделава бележи искачување на германскиот топ десет и стигнува до седмата позиција.

8. Pitbull - I Know You Want Me

9. Lady Gaga - Poker Face

10. Linkin Park - New Divide

Преземен од саундтракот за новото продолжение на филмот „Трансформерс“, синглот New Divide на Linkin Park и оваа недела успева да се задржи меѓу најпродаваните десет во Германија.

Аудио и видео прилози на оваа тема