1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Германски топ десет

Распоредот на десетте најпродавани синлгови во Германија за оваа недела изгледа вака:

default

Pitbull - Американецот со кубанско потекло неделава на 10 позиција

1. Emiliana Torrini - Jungle Drum

Благодарение на новиот сингл, Emiliana Torrini стана една од најбараните концертни изведувачи за следната сезона во Германија. Веќе е закажан нејзиниот настап за крајот на јануари во Дортмунд. Дали нејзиниот настап ќе има повеќе електро, инди или вестерн призвук - ќе зависи најмногу од нејзиното моментално расположение.

2. Cassandra Steen & Adel Tawil - Stadt

3. David Guetta ft. Kelly Rowland - When Love Takes Over

Додека Kelly ужива во успехот на нејзиниот нов синлг, ги демантира шпекулациите дека Destiny's Child повторно се обединиле за да работат на нов албум на групата. Додека тоа се случи - ги имаме соло-хитовите барем на две од членките на една од најуспешните женски групи во музичката историја.

4. The Black Eyed Peas - I Gotta Feeling

Веќе седумнаесет недели го држат врвот во САД, најпрвин со Boom Boom Pow, a минативе пет недели местото број еден го презема нивниот нов сингл, I Gotta Feeling. Досега овој рекорд го држеше бендот Boys II Men во деведесеттите години. Black Eyed Peas во Германија се` уште на скромната четврта позиција.

Cascada European Border Breakers Awards 2008

Во 2007 ја добија наградата за најпродаван германски изведувач во светот - Cascada

5. Cascada - Evacuate The Dancefloor

6. Lady Gaga - Poker Face

Стефани Џоан Анџелина Германота е нејзиното целосно име и презиме, но светот во последнава година ја знае едноставно како Lady Gaga. Првиот договор за снимање го потпишала на деветнаесет години со Def Jam Records, но по три месеци била отпуштена. Неколку години подоцна почнува да работи за дискографската компанија Interscope, каде пишувала музика за ѕвезди како Fergi, Pussicat Dolls и Britney Spears. Пробивот се случува кога раперот Akon го открива нејзиниот вистински талент и и` помага да го издаде првиот албум The Fame под етикетата на неговата издавачка куќа.

7. Lady Gaga - Love Game

8. Linkin Park - New Divide

Linkin Park Juni 2009

Бендот Linkin Park на промоцијата на филмот Transformers

9. The Gossip - Heavy Cross

Најголем успех минатата недела Gossip забележаа на швајцарската топ десет листа, каде се искачија дури до третото место со новиот сингл, преземен од четвртиот албум Music For Men. Heavy Cross неделава во Германија на деветтата позиција.

10. Pitbull - I Know You Want Me

Американецот со кубанско потекло Pitbull првиот албум го издава во 2004 година, а кон крајот на месецов во продажба треба да се најде и новото студиско остварување, насловено Rebellution. Меѓу другото, на нето се наоѓа и синглот I Know You Want Me, што, всушност, е преработка на 75 Brasil Street на Nicola Fassano од пред некоја година.

DW.COM