1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Германски топ десет

Распоредот на десетте најпродавани синглови за оваа недела во Германија изгледа вака:

default

Фронтменот на Linkin Park, Честер Бенингтон

1. Emiliana Torrini - Jungle Drum

На врвот и оваа недела нема промени - песната што го го привлече вниманието на Германците откако беше пуштена во финалето од шоуто „Следниот германски топ-модел“ и оттогаш вртоглаво се искачуваше на официјалната листа, се` до местото број еден.

2. Cassandra Steen ft. Adel Tawil - Stadt

Black Eyed Peas

Во САД и Канада врвните две позиции се окупирани од сингловите на Black Eyed Peas

3. The Black Eyed Peas - I Gotta Feeling

Интересно е што на официјалните топ листи во САД и во Канада синглот I Gotta Feeling на Black Eyed Peas дебитираше на втората позиција, додека истовремено ја држеа и првата со Boom Boom Pow. Со тоа станаа еден од само единаесетте изведувачи, на кои им успеало истовремено да ги држат врвните две позиции на листите во овие две земји.

4. David Guetta ft. Kelly Rowland - When Love Takes Over

Број еден во Велика Британија, Ирска, Швајцарија, Словачка, Турција и на Европскиот топ сто - во Германија неделава се спуштаат на четвртата позиција.

5. Cascada - Evacuate The Dancefloor

Во Велика Британија веќе го освоија врвот на листата, во Германија неделава на петтото место, Cascada со Evacuate The Dancefloor. Тричлениот состав е формиран во 2004 година, а нивните два досега издадени албуми се продадени во повеќе од четири милиони копии ширум светот.

Sängerin Lady Gaga

Музиката е само еден дел од приказната Lady Gaga

6. Lady Gaga - Poker Face

7. Linkin Park - New Divide

8. Lady Gaga - Love Game

The Fame се вика нејзиниот деби-албум, кој ја донесе директно на врвот на мејнстрим сцената, но музиката е само дел од приказната наречена Lady Gaga. Провокативните спотови, контроверзните изјави и индивидуалниот стил на облекување се исто толку заслужни за нејзиниот успех.

9. Gossip - Heavy Cross

Станува збор за првиот синлг од четвртиот по ред студиски албум на Gossip, кој го носи насловот Music For Men. Инаку Gossip се тричлен инди-состав од САД, кој беше релативно анонимен, се` до издавањето на третиот албум Standing in the Way of Control во 2006.

10. Pitbull - I Know You Want Me

DW.COM