1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Германски топ десет

Актуелниот распоред на десетте најпродавани синглови во Германија изгледа вака:

default

Evacuate The Dancefloor е новиот хит за германскиот денс-состав Cascada

1. Emiliana Torrini - Jungle Drum

Emilliana Torrini со Jungle Drum и понатаму ја држи шампионската позиција во Германија. На нејзиниот најнов албум, Me and Armini, најмногу преовладува поп-звукот, а беше издаден минатиот септември. Темата Jungle Drum го привлече вниманието на Германците откако беше пуштена во финалето од шоуто Следниот германски топ-модел и оттогаш вртоглаво се искачуваше на официјалната листа, се` до местото број еден.

2. Cassandra Steen ft. Adel Tawil - Stadt

Cassandra Steen првпат стекна популарност на 17 годишна возраст, како дел од едно германско дуо, а првиот соло албум го издаде во 2003 година. Adel Tawil, пак, е член на не помалку популарниот состав Ich + Ich. Со здружени сили во синглот Stadt, неделава остануваат на втората позиција во Германија.

Combo DJ David Guetta und Kelly Rowland

„Нешто ме обзема кога првпат ја слушнав песната“ - Kelly Rowland за соработката на When love Takes Over

3. David Guetta ft. Kelly Rowland - When Love Takes Over

Kelly Rowland и David Guetta првпат се сретнале на еден негов настап во Франција во 2008 година, кога таа го замолила да и` пушти некоја од неговите траки. „Почувствував толку емоции во песната, нешто се случи во мене кога првпат ја слушнав“, вели Kelly за најновата соработка со францускиот диџеј. Може да се каже дека Kelly има слух за добар хит - неделава стигнаа до третата позиција во Германија.

4. Lady Gaga - Poker Face

5. Linkin Park - New Divide

6. Cascada - Evacuate The Dancefloor

Германскиот денс-состав Cascade, досега е најмногу познат по синглот Everytime We Touch од 2007 година, а ова лето се враќаат на сцената со албумот Evacuate the Dancefloor и истоимениот сингл. Инаку, песната во изминативе денови беше една од најдаунлодираните на iTunes, веднаш по сингловите на Мајкл Џексон.

7. Lady Gaga - Love Game

8. The Black Eyed Peas - I Gotta Feeling

Black Eyed Peas

Тајната на успехот на Black Eyed Peas -разноликоста на членовите

Можеби успехот на Black Eyed Peas лежи токму во тоа што сите четири членови се многу различни - Вил Ај Ем има сосптвен моден бренд, Епл Де Ап потекнува од Манила, а бил посвоен во Калифорнија, Табу е Мексиканец со индиски корени, а пејачката Ферги работи на соло проекти и снима филмови. I Gotta Feeling во Германија неделава на местото со реден број 8.

9. Pitbull - I Know You Want Me

Преземен од албумот Rebelution, ова беше Pitbull со синглот I Know You Want Me, кој е всушност ремикс на 75, Brazil Street на Nicola Fasano и Pat Rich. Во САД го достигна второто место, што е најголемиот успех за Pitbull досега.

10. Sportfreunde Stiller - Ein Kompliment